Нено сведок на рекордни седум тројки на Американец за една четвртина

Панатинаикос ја растури Олимпија Милано со 103:74, а мечот мина во знакот на Кендрик Нан кој одигра луда прва четвртина. Американецот во воведните 10 минути погоди седум тројки од вкупно 8 обиди, што е рекорд во Евролигата. Првата четвртина заврши 38:15, а Нан го заврши мечот со 39 поени. Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во својот тим со 15 поени.

Инаку Кендрик Нан постави три рекорди, од кои првите два во Евролигата. Најмногу тројки во една четвртина (7) и најмногу поени во една четвртина (21). Стана и најдобар стрелец во една четвтина во историјата на Панатионаикос. Се чудеа во публика.

18 декември 2024 - 09:00