Offside

„После првата проба на списокот на Зрињски во Мостар, ме немаше на список. Отидов под туш, плачев од разочарување и се молев никој да не ме види“.

Како Јонуз дриблал скаути пред трансферот на Попов во Динамо Киев

Гостин во подкастот Пресинг е Горан Попов, човекот со страшна левица кој има 46 настапи и 2 гола за репрезентација, а кариерата ја заврши во Вардар каде освои три титули и беше дел од историскиот успех во Лига Европа. Раскажува за блискоста со Шевченко на кој му дал број од Пандев за да го поврзе со ФФМ, за разговорот со Лукаку во Мериот по дуелот со Македонија, со кој инаку играше заедно во ВБА.

Кои се најдобрите светски фудбалски школи? Бенфика е на врвот, Динамо во Топ10

Фудбалската опсерваторија (CIES) од Швајцарија веќе неколку години важи за мошне сериозна доверлива институција за бројни анализи на светските фудбалски текови. И редовно објавува нови занимливи податоци.

Илија малер на колото

Да ти каже некој да опишеш малер на колото, прво треба да ти текне на украинскиот стопер од ПСЖ Илија Забарњи. Има среќа што неговите на крај славеа рекордна победа од 2:7 на гостувања во Лига на шампиони, против Баер Леверкузен. Илија скриви два пенали од кои едниот го промаши домашниот бек Грималдо а во 37-ма минута доби и црвен картон. По негова среќа црвен во 33' минута доби и противничкиот фудбалер Андрик па се играше 10 на 10 до крајот .

Со спортот до посилна заедница - улогата на Државна лотарија во развојот на спортот

За Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, инвестицијата во спортот е влог во човечкиот капитал, во здравјето на идните генерации и во заедницата во целина.

Џордан на прашањето дали уште е вљубен во кошарката

Мајкл Џордан во емисијата „Инсајт ту Екселенс“ кај водителот Мајк Тирико зборувал за кошарката. Тој е еден од ретките ако не и единствените кој повеќе од 20 години после блескавата кариера се повлече од јавниот живот и направи јасна разлика меѓу бизнисот и приватниот живот.

Фантастичен старт на Шенгун на отворањето на НБА против актуелните шампиони

Стартуваше новата сезона од американското кошаркарско шоу со две средби. Голден Стејт славеше против Лејкерси, а Хјустон ја доби Оклахома во продолженија со 125:124. Кај поразениот тим најпрецизен беше ланскиот МВП Шеј Гилџус Александер кој постигна 35 поени. Man of the match Алперен Шенгун со 39 поени, 11 скока и 7 асистенции.

Лука Дончиќ ја отвори сезоната како Коби Брајант на времето

На стартот на новата сезона во НБА отворија Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс. Лука Дончиќ блескаше со 43 поени (17/27), 12 скока, 9 асистенции, две украдени топки и три изгуени топки. Но тоа не беше доволно за Лејкерс затоа што воините славеа 119:109. Дончиќ стана само прв играч после Коби Брајант уште од 2007-ма година кој ја отворил сезоната со 40+ поени.

Невозможното промашување на бисерот на Интер

20-годишниот корпулентен шпиц на Интер и најголема надеж на италијанскиот фудбал, Франческо Пио Еспозито ја користи секоја шанса што ја добива од тренерот Кристијан Киву. Има 2 гола и 1 асистенција за нераѕурите. Синоќа Интер победи убедливо 0-4 против Унион Ројал. Стрелци Дамфрис, Лаутаро Мартинез, Чаланоглу од пенал и Пио Еспозито. А гледајте и што промаши младиот центарфор сам пред гол.

Во кошарка ова се вика банана

Алжирецот Рами Бенсебаини сака да ви покаже еден пример за чист, точен и презицен клизач на дуелот Борусија - Копенхаген 2:4. Перфектно одиграно.

Неверојатна асистенција со рака на Поуп од 60 метри

Њукасл ја совлада Бенфика на Мурињо со 3:0 и тоа беше една од најнеефикасните победи во синоќешната луда голгетерска ноќ од ЛШ. Асистираше голманот на Њукасл кој со рака го префрли пола терен и нешто повеќе, а стрелаше Харви Барнс. Ник Поуп стана втор англиски голман во историјата на ЛШ, кој успеал да запише асистенција.

Бомба во Ајндховен, Вања не ја виде

Наполи се соочи со дебакл во Лига на шампиони. Загуби дури 6:2 од ПСВ, а Елиф доби шанса во 85 минута на местото на Де Брујн. Го издвојуваме голчиштето на Денис Ман. Ама ја дувна.

Наполи и Олимпијакос примија по 6, а на Леверкузен му се падна седумка

Дожд од голови во 3. коло од ЛШ. Во Барселона паднаа 7 гола, во Холандија 8, а во Леверкузен 9, каде ПСЖ го оствари највисокиот триумф против германски тим на гости во историјата. Вкупно 43 гола и 5 црвени картони на 9 натпревари или скоро 5 во просек по натпревар. Атлетико лошо помина на Емирати.

Одреден му е 30 дена мерка притвор од страна на истражен судија

Репрезентативецот на Зелено’ртските Острови, Жоао Кореија е пациент број 1 во 3. коло од ЛШ. Патуваше 15 часа до Казахстан за 4 минути фудбал. Пафос играше речиси цел натпревар со играч помалку на гостувањето против Каират Алмати, поради неговиот груб и непромислен глупав фаул. Мечот заврши 0:0.

Дивац vs Родман, какви дуели беа тоа

Новата НБА сезона стартува вечерва, а натпреварите од регуларниот дел завршуваат на 12 април. Да се потсетиме на нешто старо од златните 90-ти, а тоа се провокациите на неповторливиот Денис Родман, во дуел со легендарниот српски центар. Дивац го носеше дресот на Шарлот во периодот 1996-1998.

Несекојдневен рекорд на играч на Баер Леверкузен

Фармацевтите се непосакуван гостин во Бундеслигата. Зошто? Затоа што не може никој да ги победи од 27 мај 2023-та. Само еден играч од тој ден може да се пофали дека е сè уште во тимот со кој го живее рекордот. Тоа е Роберт Андрих. Играчот од средниот ред ја држи рекордната гостинска низа од 38 меча без пораз, со што ги надмина Данте и Филип Лам.

Тој што ќе те спаси од жолт картон, тој ти е прав другар

Фудбалерите на Милан играат како препородени со старо-новиот тренер Масимилијано Алегри и по триумфот над Фиорентина 2-1 после пресврт, се први на табела. Главен јунак на победата беше Рафаел Леао кој при прослава на вториот гол тргна во еуфорија да го соблекува дресот. Ама стоперот Матео Габија го спречи да добие жолт картон.

Мајк Мењан и еден гостин во негова територија

Кин имаше чиста и јасна намера, а тоа е да се обиде да му ја земе. Ама голманот на Милан одигра еден на еден за воздишки на Сан Сиро.

Реал Мадрид се тужи со комшиите

Додека фудбалерите на Реал Мадрид водат борби на теренот, управата на најтрофејниот клуб на светот и градската управа се во „војна“ со граѓаните од непосредно опкружување на стадионот „Сантијаго Бернабеу“

Што ти се закони...

Околу 2.000 навивачи на Манчестер Јунајтед беа на гостување кај најголемиот ривал Ливерпул на „Енфилд Роуд“ и ја прославија големата победа, ретка низ годиниве на гости 1-2. Пред натпреварот кога „се искрцале“ во Ливерпул, биле на само 5 метри од домашните навивачи. Некој пивнат, некој под гас, ама сè останува на дофрлања и провокации. Знаат што ги чека ако направат скаламуција.

Неверојатната приказна за селото Мјалби кое со 1.485 жители стана првак на Шведска

Во скандинавскиот фудбал се случи нестварна и до сега невидена бајка. Рибарското село Мјалби кое пред неколку години беше пред банкрот, слави шампионска титула. Ги води 59-годишен директор на училиште, а скаутот им е поштар. Едно време ни теретана немале, а јаделе заедно само еднаш неделно.

Лудачка интервенција на босански напаѓач на гол линија

Го видовме најјакиот гол на годината кој падна во Русија, потоа автоголот во Швајцарија кој не се повторува. И сега пазете го ова. Сте виделе ли ваква дефанзивна акробација на сама гол линија и тоа од страна на напаѓач? Елвир Кољиќ од Рапид Букурешт на средбата со Динамо.

Може да му се замери сè, ама фудбалско знаење не

Дваесет и седум годишниот бек на Хетафе Хуан Иглесијас имаше неколку дуели и расправии со Бразилецот Винисиус а во еден момент му рекол: „Ете затоа никој не те сака никаде“. И во право е, поради арогантниот и дрзок однос Бразилецот не е омилен, туку омразен лик по шпанските стадиони. А дека игра фудбал игра маестрално.