Offside

Репрезентацијата на Франција е прв патник во полуфинале откако вечерва рутински и без поголеми проблеми го совлада Мароко 2:0 (0:0). Голманот на Мароко Буно му одбрани пенал на Мбапе кој беше направен врз него во 28' минута, но подоцна ѕвездата на Реал Мадрид го матираше мароканскиот ветеран.

Роналдо се појави во ресторан после хет-трикот

Ресторан во Торино во вторник навечер после Лига на шампиони. Амбиентот мирен, луѓето си вечераат. Поминува Роналдо после хет-трикот со Атлетико и се пореметува и амбиент и сè.

Фабио Канаваро нема интервенирано вака

Се сеќавате ли на аргентинскиот стопер Фабрицио Колочини? Епа игра за Сан Лоренцо, има 37 години и гледајте на каков начин спречи убавина од акција. Не сме виделе ваква интервенција до сега и тоа се искупи откако излета во празно. 

Колено му исчаши

Фабињо тргна да му ја земе на Ренато Санчез, ама така добро се заеба, коленото му знае најдобро. Со кошаркарски ролинг го остави на средина игралиште трева да пасе.

Меси прати двајца по баничка во Милениум

Со два гола и две асистенции Лионел Меси блесна на реваншот против Лион и го однесе својот тим во четвртфиналето на ЛШ. Во контрата за 3:1 двајца гостински играчи се обидоа да го покријат Меси па летнаа мислејќи дека ќе шутира со лева. И сега ене ги заглавија кај Млечен.

Дебакл на Баерн и Лион, четвртфиналисти се Ливерпул и Барселона

Откако ги искаравме дека не клаваат голови и играа досадни 0:0 и тоа на двете средби, ете ги се отворија на реваншите. Вкупно 10 гола на вечерашните две средби. Баерн се соочи со елиминација во Минхен, а Барса му се истури на Лион.

Како играше Роналдо пред да јаде заушки

Во Јунајтед отиде на 18 години, млад, незрел и невоспитан (фудбалски). Фергусон го зема под свое и го направи човек, а Гигс, Кин, Фердинанд и компанија го клоцаа на тренинзи за да го исчеличат и за да разбере дека фудбалот не се состои од пењавење на топката. Вака го тупеше тогаш. Сега е скроз друг.

Две анегдоти за тоа каков човек беше Едгар Давидс

Славниот Питбул денеска полни 46 години. Беше голем орач на терен и гинеше за секоја топка, а овие две анегдоти му го опишуваат карактерот. Колку и да изгледаше страшен и безмилосен на терен, сепак имало нешто човечко во него, што е непоимливо за денешниот модерен фудбал.

Ајнтрахт во Милано ќе го бодрат 13.500 грла

Германските навивачи дефинитивно во моментов се број 1 на континентот. И по бројност, и по верност и по изданија. Тоа што го прават сезонава е лекција за сите останати.

Ултрасите на Шалке додека Сити водеше 7:0

Да не си му во кожа на навивач кој патува од една во друга земја за ЛШ, троши пари, време, зема слободен ден од работа и на крај си оди попарен и елиминиран со вкупни 10:2. Ама кај вистинските навивачи на прво место е секогаш лојалноста. Погледнете и слушнете ја оваа поддршка на 7:0. Феноменално.

Модриќ враќај ја Златната топка, Кристијано ги затна хејтерите

Во ера кога е неизбежно кафанско докажување дека играч се мери по она што го прикажува на терен, а не по тоа колку гел има на косата, вака изгледа расправата меѓу оној кој фудбалот го разбира и оној кој гледа низ призма на его трип.

Рома на Твитер за тим на денот го прогласи Осогово

Да не го измислеа Твитерот, во Рома никогаш нема да знаат за Кочани и нивниот македонски третолигаш кој им држи лекции и на прволигашите како се користи оваа социјална мрежа.

Кавур ја основа Италија, Масимилјано Алегри ја обедини

Уште од голот на Гросо 2006 во Дортмунд Италија не била обединета како синоќа. Камбекот на Јуве против Атлетико го славеа и честитаа и оние од Рим и од Неапол и од Калабрија. А сè благодарение на човекот кој изнесе најголем товар на грб и ја сработи својата работа.

Во неизвесна завршница ЕЛЕМ поуспешни од Маркарт

L.C. Waikiki и ЕЛЕМ славеа победи во вториот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Паролата на Јувентините за Макс Алегри

Во ситуација кога со месеци се збори дека ќе биде заменет те со Зидан, те со Конте, те со Гвардиола, тренерот на Јувентус фасцинантно ја спреми екипата за најважниот меч во сезоната и се врати после негатива од 0-2. Тифозите застанаа во негова одбрана.

Кристијано му врати на Симеоне со истиот гест

Откако тренерот на Атлетико на првиот меч непримерено гестикулираше големи мадиња, Португалецот синоќа после еден од трите гола возврати со иста мерка. Симеоне за гестот беше казнет со 20.000 евра.

Циркузант на колото

Се вика Сони Бредли, игра за Лутон и појма немаме што сакаше да направи. Веројатно само циркуз. Ова е секако посимпатично отколку да легне и да офка, како што прават други.

Зар уште има со вакви фори?

Мислевме дека триков е останат во 80-те, максимум во 90-те, ама некој уште го користи. Ова е од синоќа, а се случи во четврта лига Англија. Цепки. Па зарем никој не го виде за да му каже на голманот пази леџа.

Кјелини и ти ли бе вака?

Џорџо Кјелини е играчиште нема збор, ама што глума извади вчера како да му ја скршија кичмата. Прво за момент и напред се допре со раце, па потоа се свитка уште еднаш и се предомисли. Не бе сепак позади ме боли.

Роналдо го прати Коке кај Верка по тулумби

Кристијано Роналдо вечерва го постигна осмиот хет-трик во ЛШ и се израмни со Меси. Ова беше перфектна партија за португалскиот ас каква што можеше само да посака. Пазете му ја играва еден на еден со Коке.

Херојски хет-трик на Роналдо за елиминација на Атлетико

Ако вечерва Кристијано Роналдо, како и секој навивач на Јуве побараше режисер за да им го напише најпосакуваното сценарио за реванш осминафиналниот дуел од ЛШ, тоа ќе изгледаше токму вакво. 3:0 и три гола токму на Роналдо против довчерашниот градски ривал. Па има ли послатко?

Величествена атмосфера на Јувентус Стадиум

Си направија приватен стадион кој им генерира средства кој им одат во сопствената каса. Полн е и кога играат во ЛШ со Атлетико и со Фрозиноне во првенство. Карта нема ни за лек. Ова е уживање на нет да се гледа, а кој знае што било таму. Убавина.

Со гол технологија до 2:0 за Јуве

Ништо не е невозможно кога е во прашање Кристијано Роналдо. И покрај тоа што Атлетико е најтврдиот можен противник, сепак Јувентус за сега има резултат вреден продолженија. Два гола на Роналдо со глава. За вториот технологијата ја заврши работата, инаку ќе беше врвка работата.

Навивачите на Шалке пеат за Скопје во Манчестер

Околу 2.000 навивачи на германскиот бундеслигаш допатуваа во Манчестер за реваншот од осминафиналето од Лига на шампиони против Сити на Гвардиола. За време на кортеото до стадионот, навивачите на Шалке скандираа „Гелзенкирхен - Скопје“ во чест на пријателството со навивачите на Вардар.

Миленикот на Палермо полни 29 години

Илија Несторовски синоќа промаши пенал на гостувањето против Венеција кое заврши 1:1, а колку го сака сицилијанската публика ова наше момче доволно е само да се види според стотиците коментари кои му ги оставаат на Фејсбук. Еден напишал: И Роналдо промашува пенали, а друг: Исто и Роберто Баџо. Никој не му мрчи.