Offside

По ремито 2:2 во Загреб, фудбалерите Викинг го добија Динамо со 3:1 и после пауза од 34 години ќе играат во Лигата на шампионите. Норвешкиот фудбал бележи голем пораст. Стигнаа до четвртфинале на Мундијалот, а оваа сезона за прв пат после 1999-та ќе имаат два претставника во елитата.

Коментаторите на Арена во Охрид кај Кире

Откако блеснаа со коментирањето во Келн кога играше Вардар, а потоа дојдоа и на прославата на плоштад, ете ги Стеван и Стретен пак кај нас. Поводот е кампот на Кире Лазаров кој петта година по ред се одржува во Охрид. Арена ТВ е генерален медиумски партнер.

Кога Комитите ќе ја надпеат химната на ЕХФ

2018/2019 не само што е сезона на РК Вардар, туку и на неговите навивачи за чија поддршка се знае и зборува од Скопје до Келн. Случајно налетавме на кусо видео од Јане Сандански кое трае половина минута и кое не врати на 2 јуни. Па како после да не падне секој тим во оваа сала со ваква публика.

Денот кога Роналдињо изведуваше, а Симан месечареше

Околу 4 месеци пред Шаќири да го попари Дејвид Симан од корнер, нешто слично му приреди и Роналдињо. Тоа се случи на денешен ден пред 17 години кога Бразил го освои СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Незаборавна мундијалска сцена од четвртфиналето Англија - Бразил.

Ова со Елмас стана Касандра

Големиот македонски талент од Фенербахче само овој месец го пренесоа во Интер, Милан, Наполи, Атлетико и Севиља, а претходно и во Борусија, Манчестер Сити, Лацио и каде уште не. Сега најново и Тотенхем бил во игра.

Кога шеикот принц на Кувајт прекинал меч од Светско првенство со Франција

Од основањето на фудбалската репрезентација на Кувајт, оваа селекција до денес играла само едно Светско првенство и тоа едно го одбележал принцот на оваа земја, Шеик Фахад кој слегол на терен.

Не остануваш ти дете во Бенфика со таков талент

Една камера на тренингот на Бенфика сними опасен влез на младиот Жоао Феликс кој му одигра еден на еден на голманот на страшен начин. Штета што не го снимиле дриблингов од поблиску, бидејќи не можеме да го сконтаме од што е јак.

Кој му к бизнис на Филип Лам, легендарниот капитен на Баерн и Германија

За бизнис потешкотиите на некогашниот сјаен десен бек на Баварците кои освои Лига на шампиони, Светско првенство, Бундеслига, ДФБ Покал и ред други трофеи.

Никогаш не го тргај погледот од топката

На секој може да му избега паметот, ама кога ќе му се случи на голман тоа може да биде циркуз број 1 на годината. И навистина беше прогласен во 2017-та и имаше среќа во несреќа. Робин Зентер од Мајнц, неповторливо.

Двајцата другари кои од Манчестер Јунајтед направија просечен островски клуб

Во Јунајтед има сериозен кардинал за којшто малку се знае, а кој од 2016 година ја води трансфер политиката и влијае врз одлуките кои се испоставија како катастрофални.

Овој Кирјос стварно бил голем цреп

Помина само еден ден откако во интервју со дете сакаше да се направи интересен дека не го познава Новак Ѓоковиќ и ете го денеска пак по насловни, како прави циркузи, омаловажува судии и фрла рекети.

Како Најк невешто искористи песна на Делиите

На 1 јуни, најпознатиот светски бренд за спортска опрема Најк го објави рекламниот спот од кампањата „Dream Further“ на кое во пар секунди се слуша скандирање „Ко не скаче, тај је гробар“, извадено веројатно од некоја снимка од белградското дерби Звезда - Партизан.

Ел Нињо крена рачна

По 18 години кариера во Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челси и Милан, со две освоени европски, едно светско, една ЛШ и две ЛЕ зарем има потреба уште да се докажува човекот? Фернандо Торес кој лани потпиша за јапонски Саган Тосу реши дека му е доста со играње фудбал на 35 години. 

Хаити продаде штосен трик од слободен удар

Можеби ќе ве потсети на корнерот на Ливерпул во финалето на ЛШ, но сепак фората не е баш иста. Инаку ова е натпревар од Голд Купот против Бермудските острови, а шемава веројатно добро ја извежбале мангупиве.

И муабетот на Фалкао држи вода

Нема крај од мизерните резултати на Аргентина која никако да се истакне. Нема крај ниту од критиките кои обично одат на адреса на оној кој на плеќи носи најголема одговорност само затоа што е најдобар.

Многу, многу јак фудбалски расказ од Радамел Фалкао за Хименез

Репрезентациите на Колумбија и Уругвај се единствени кои досега ги оправдаа очекувањата на Копа Америка 2019 и покажуваат зошто се дојдени во најсилен состав. Колумбиецот Фалкао раскажа интересна сторија за Уругваецот Хименез.

Скромниот фудбалер на Атлетико кој живее во студентски дом, а оди во Сити за 70 милиони евра

Најсветлиот пример за скромност меѓу разгалените милионски платени ѕвезди е Нголо Канте, но Французинот добива конкуренција во еден млад Шпанец кој од Атлетико ќе оди во Манчестер Сити.

Добра шега со првиот тренинг на Сари во Јуве

Додека Маурицио Сари денеска од 11 часот го држеше првиот прес во Јувентус, на социјалните мрежи веќе може да се начека и фотка од неговиот прв тренинг. Се разбира тоа е монтажа, ама многу добра со штосен муабет за човекот кој не може без цигара.

Фото на денот

Да е здраво и живо, па да го видиме на истото место за дваесетина години. Бебето-навивач на Бока коешто го фасцинира светот со реакцијата откако влегло на трибините на легендарната „Бомбонера“ во Буенос Аирес.

Ремек делото на Барди прогласено за број 1 на сезоната

Ла Лига ги објави петте најјаки голчишта од слободен удар за сезоната 2018/2019. Сите се евроголови, ама има само еден победник кој се вика Енис Барди. Во сенка го стави и Меси кој држи трето место. Браво мајсториште.

Држте го Ѕапата во 86-та минута

По блескавата сезона во Серија А во Аталанта за која имаше фантастичен учинок од 23 гола и 7 асистенции, извонредниот колумбиски напаѓач почна да растура и на Копа Америка. Колумбија ги збриша Аргентина со 2:0 и Катар со 1:0, а Ѕапата и на двата меча стрелаше во иста минута.

Кирјос: „Новак Ѓоковиќ? Кој е тој?“

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос уште еднаш го покажа својот пргав темперамент. Нема ден а да не пише нешто или изјави против светскиот тенисер број 1. Новак во вторникот одговори дека нема никаков проблем со таквиот однос на Кирјос кој не престанува да го омаловажува, без некоја посебна потреба.

Што е работава со Аргентина?

Сменија селектор, ги собраa најдобрите можни играчи како на Светското лани и пак не можат да се оправат. Синоќа спасија жива глава со Парагвај и сега Аргентина не зависи само од свој резултат.

Оди на цурава кажи и дека во агол не се брани

Франција е домаќин на Светско фудбалско првенство за жени, Куми Јокохама е изведувач на перфектен слободен удар кој таму шитуран обично го нарекуваат неодбранлив, а Карен Бердсли, инаку голманка на Манчестер Сити, дефинитивно ја има одбрана на Мундијалот.

Бомба на Гвардадо за еврогол од 30 метри

Паралелно со Копа Америка 2019, се игра и Голд Куп, турнирот на Северна и Централна Америка. Таму Мексико синоќа ја победи Канада со 3:1 а голот кој го даде капитенот и ветеран Гвардадо беше најубав гол досега таму.