Динамо Загреб го направи најголемото чудо во Лига на шампиони, откако со 4:0 ја декласираше Аталанта. Еден од головите фудбалерите го прославија со пожарникар кој стоеше зад голот, под трибината на „Бед Блу Бојс“.
Кога Марин Леовац во 10’ минута ја отвори Аталанта, преполниот Максимир еуфорично го прослави голот. А не издржа ни еден од пожарникарите зад голот кој е задолжен да гаси секаква пиротехника од навивачите или каков било оган на стадионот.