Додека сите погледи беа насочени кон дерби средбите Дортмунд - Барселона и Наполи - Ливерпул, во Австрија Салцбург го демолираше белгиски Генк со 6:2.
Австрискиот клуб не играл групна фаза уште од 1994 година (лани изгубија во плејоф од Црвена звезда) и како да сакаа да покажат дека таму им е местото.
Синоќа против Генк 13 пати шутираа во рамки на голот, а мрежата ја затресоа уште во 2’ минута.
За 19-годишниот Ерлинг Холанд тоа беше само почеток. До крајот на првиот дел Норвежанецот оформи хет-трик и влезе во историјата. Помлади стрелци на хет-трик во ЛШ беа само Раул и Вејн Руни. Притоа Холанд стана еден од ретките кои дале три погодоци за 45 минути во ЛШ.
3 шута, 3 гола. Чудесно деби во елитното друштво.
СЕ ПРОСЛАВИ ВО МАЈ КОГА ДАДЕ СТРАШНИ 9 ГОЛА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО У-20
Холанд е син на норвешкиот фудбалер Алф-Инге Холанд кој се прочу во Англија како играч на Нотингем Форест, Лидс и Манчестер Сити.
Ерлинг е роден во Јоркшир, но не се смета за Англичанец. Играше за младинската репрезентација на Норвешка, а веќе има деби и за сениорите.
Во мај годинава постигна 9 гола против Хондурас на Мундијал за играчи до 20 години.
Неговиот раскошен талент први го фатиле на радар скаутите на Салцбург кој минатата зима потпишаа договор со него. На младиот Ерлинг Холанд му требало време да се адаптира на новиот клуб, па минатата пролет постигна само 1 гол на 2 натпревари.
Но сезонава е негова, особено по заминувањето на првиот шпиц Монес Дабур во Севиља.
А Холанд го докажа тоа: 17 гола на 9 меча во: австриската лига, во Купот и сега во Лига на шампиони.
19y 58d - Erling Haaland, aged 19 years and 58 days, is the third youngest player to score a Champions League hat-trick, behind Raúl (18y 113d in 1995) and Wayne Rooney (18y 340d in 2004). Welcome. pic.twitter.com/24DNlzXdza
— OptaJoe (@OptaJoe) September 17, 2019