Таг: рб салцбург

Приказна за фудбалскиот пат на Ерлинг Халанд, новото чудо во Европа

Таман кога ќе помислите дека не е реално и на следниот меч да даде гол, невозможниот талент од Норвешка прави хет-трик и ве тера да размислите дали е реално ова што го прави. А до пред пар години бил толку слабичок и ситен што тренерите мислеле дека нема да успее.

Клоп му се извини на преведувачот

Иако беше апсолутно во право за замерката (многу преведувачи не познаваат фудбалска/спортска терминологија па буквално преведуваат на прес-конференциите), Јирген Клоп како прав џентлмен му се извини на преведувачот за тоа што јавно пред сите отворено го критикуваше пред мечот Салцбург - Ливерпул кој заврши 0:2.

Лоб на колото - многу фудбалски, со осет

Учесникот во ЛШ, Ред Бул Салцбург првпат после 8 одиграни кола не освои цел плен во австриската лига. Пред гостувањето кај ЛАСК имаа 7 победи на 7 меча, а во Линц спасуваа бод во 90-та минута (2-2). Томас Гојгингер направи голема мајсторија за првиот гол на мечот за домашните.

Младиот Норвежанец кој даде 3 гола за едно полувреме во Лига на шампиони

Се вика Ерлинг Холанд. Доаѓа од Норвешка. Растура во дресот на Салцбург а има само 19 години. Синоќа влезе во историјата на Лига на шампиони како еден од тројцата најмлади кои три пати ја погодиле мрежата во елитното друштво.