Ливерпул да не го види Неапол, таму е страшно и за играчите и за навивачите

Ако по други европски градови можат да се опиваат и малтретираат недолжни минувачи, англиските хулигани, особено оние на Ливерпул кога одат во Неапол, не јадат ни домати зошто се црвена боја.

Новинарите кои го следеле мечот Наполи - Ливерпул, пред сè англиските, пишуваат дека никој не можел да примети присуство на англиски клуб во градот.

Навивачите на Ливерпул се претопиле во толпата. Претходно во авионите од Британија кон Италија имало црвени шалови, маици, дресови, ама само што излегле на аеродром, веднаш ги сокриле.

За тоа да не се појавуваат на улица со реквизити од Ливерпул, навивачите ги предупредувал и официјалниот сајт на Ливерпул. Во соопштението стоеше и апел навивачите да не ги напушаат хотелите и воопшто да не одат по јавни места, пабови и таверни.

Клубот ги советувал и да не се движат кон стадион самостојно, па скаузерите ги носеле со специјални автобуси од центарот на градот до „Сан Паоло“ и тоа на 6 часа пред мечот!

ЦЕЛОСНО И АПСОЛУТНО ОПРАВДАНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Во 2010 година во Неапол бандити со ножеви нападнале навивачи на Ливерпул, а таква ситуација имало и минатата година.

Навивачи на Ливерпул биле нападнати и синоќа во градот под Везув, според извештаите на италијанските медиуми, десет напаѓачи на скутери со прекриени лица ги снимале Англичаните по градот, а потоа ги напаѓале со каиши и стаклени шишиња.

На двајца повредени англиски навивачи им била укажана лекарска помош, а според зборовите на очевидците на нападот, никој од жртвите не бил во боите на Ливерпул.

Пред мечот било толку тензично што никој не ни помислувал да зборне англиски околу стадионот. Оние новинари кои не биле од Англија ни од Италија, тешко можеле да ги убедат карабинерите дека не се Англичани. Полицијата тврдела дека тоа било сериозно опасно во дадената ситуација.

Стадионот иако е стар повеќе од 50 години, од надвор не остава таков впечаток, бар не онаков каков што го зборуваше Карло Анчелоти.

Додека Ливерпул одеше во напад, на „Сан Паоло“ свиреше буквално секој присутен:

На крајот триумф од 2:0 за Наполи и насмевка на лицето на Клоп додека се поздравуваше со Карло Анчелоти. На прашањето на прес-конференција зошто Германецот се смеел после поразот, Анчелоти изјавил: „Му реков, не се секирај, и лани овде изгубивте па станавте европски шампиони“.

18 септември 2019 - 10:15