10-та сезона на Бизнис лига на Македонија, со рекордни 27 учесници

Најмасовното аматерско натпреварување во мал фудбал, Бизнис Лигата на Македонија, одржа прес конференција на која беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот и термините во кои ќе бидат одигрувани натпреварите како и други детали околу самата лига.

Сезоната 2019/2020 е десета последователна сезона во која Бизнис Лига на Македонија поставува рекорд за бројот на учесници. Сезонава ќе се натпреваруваат 27 компании со што Бизнис лигата станува најмасовното аматерско натпреварување на Балканот. Компаниите кои оваа година учествуваат во натпреварувањето се:

1. ЈСП

2. Аптив

3. Џојсон Сејфти Системс

4. Ван Хоол

5. Матрикс

6. А1

7. Сава Осигурување

8. Окта

9. Лукоил

10. Аџибадем Систина

11. Гранит

12. ЕВН

13. ЕЛЕМ

14. МЕПСО

15. Пекабеско

16. Рамстор

17. Фабрика Карпош – ГИМ

18. Макпетрол

19. Уни Банка

20. Уника

21. Телеком

22. ФК на глуви Слобода

23. Еуро Табак

24. Џонсон Мети

25. Водовод Скопје

26. ТАВ

27. Тиквеш

Што се однесува до самиот систем на натпреварување ќе се игра еднокружно (секој со секого) бидејки натпреварувањето се игра без гостински терен, првите 4 екипи одат директно во Ф8 додека од 5 до 12 место екипите ќе се разигруваат за влез во Ф8. Победниците на кои ќе им се прилучат првите 4 влегуваат во Ф8 завршниот турнир кој води до титулата во шампион на Бизнис Лигата на Македонија.

Од оваа година новитет во Бизнис Лигата е Фудбалски Клуб на Глуви СЛОБОДА кој ќе го игра регуларниот дел од Бизнис Лигата и ќе се бори за место на табелата во регуларниот дел. Термиот вторник во 18 часот е резервиран за нивните натпревари.

На пресот освен проект менаџерите на Бизнис лига, Филип Николовски и Младен Ѓуроски, зборуваа и луѓето од ФК на глуви лица Слобода, Милош Наумовски и Марија Наумовска, како и Арсовска Кристина како претставник на Горска Вода која и оваа година е дел од Бизнис Лигата.

18 септември 2019 - 22:49