Невидена бизарност во Холандија. Навивачите со синџири го заклучија стадионот и го спречија сопствениот тим да замине на гостување. Вакво нешто не сме виделе до сега во ниту еден спорт.
Фудбалерите на некогашниот европски првак после пресврт го совладаа грчки Олимпијакос 3-1 (0-1) и ги освоија првите бодови во групата во Лига на шампиони. Навивачите на двата клуба, кои се во братски односи, постојано пееа заеднички песни. Почетокот на мечот го одбележа кореографија со грбовите на двата клуба.
Кога на Атлетико Мадрид ќе им земеш топка на нивна половина, мора да побрзаш со брзина на светлината, инаку ќе ти се сипе цел тим. Погледнете ги овие атлетски спринтови на момците на Симеоне против Локомотив Москва. Мислиш трка на 100 метри имаат.
Кога Мануел Ноер ќе добие топка во шеснаесетник на нога, не завршува акцијата како и со секој друг голман. Уште па да се обидеш да му ја земеш, ќе те излета ко мало дете.
Гол првенец за Мауро Икарди вреден 3 бода во Турција. Рутинирани победи на Сити, Јуве и Атлетико. Европскиот вицепрвак со црвени образи го напушти стадионот, а Црвена Звезда во финишот ги разби Грците.
Лидс Јунајтед има тешка дерби пресметка против ВБА во меч пеѓу првиот и вториот на табела. Кога на никој не му оди тука е македонскиот репрезентативец кој распали во негов стил за 1:0 во 38-ма минута.
Момците на Зинедин Зидан во 85-та минута се спасија од срам против Клуб Бриж кој имаше 0:2 на полувреме. Двојниот стрелец на гостите и на двата гола за ушепртља, а првиот му е антологиска комедија. Шахтјор пак во 95-та минута направи пресврт во Бергамо.
Катарците до таму отидоа со паметот и парите. Смислија како да отспиеш на стадион во хотел со 5 ѕвезди по што нема да треба да одиш на натпревар, бидејќи натпреварот ќе дојде кај тебе во соба.
Разликата во плати меѓу НБА и Евролига и натаму е голема, но приближувањето е осетно. Барем кога станува збор за оние кои земаат „грдни пари“ на стариот континент. Сезонава, како и лани, најмногу трошеа гигантите.
Како што го избоксуваа фудбалскиот Мундијал на мускули со милион скандали, така со таа бесконечна пара на која спијат донесоа на свое тло и Светско првенство во атлетика. Аман нека дојде 6 октомври за да заврши пошто ќе исцркаат луѓево, плус стадионите им се полупразни.
Во минатото коло во турската фудбалска лига Анкарагуџу со 2:1 го победи Генчлербирлиги. После мечот полушпицот на домашните, Рикардо Фати дошол во микс-зоната да одговори на неколку новинарски прашања.
Англискиот репрезентативец Рос Баркли решил да искористи слободен ден да скокне од Лондон до Ливерпул, ама таму во такси направил бербат со остатоци од храна, па одбил да плати глоба за чистење по што таксистот решил да викне полиција. На крај Баркли отишол до банкомат да извади пари за казната.
Швеѓанката Анџелика Бенгстон имаше многу многу среќа затоа што во натпреварувањето во скок со стап имаше сериозна неприлика од која за среќа излезе неповредена. Иако стапот за скок во вис изгледа лесно и тенко, направен е од многу издржлив материјал кој речиси никогаш не се крши... Ама речиси.
Со ремито 1-1 против Арсенал во големото дерби на 7 коло од Премиер лига, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 10 место на табелата и го бележи најкатастрофалниот почеток на една сезона откако е основана Премиер лигата во ваков формат.
Дилета Леота има 28 години и е водителка на DAZN, официјален он лајн сервис за пренос на натпреварите од Серија А. Италијанката води во студио, ама кога ќе се појави на некој стадион публиката не трепка. Навивачите на Наполи на мечот против Бреша без пардон и пееја:
Им дојде тогаш на „граѓаните“ на „Етихад“ во 2. коло од групите во ЛШ и на 38 години им покажа на Компани, Клиши, Јаја Туре, Давид Селва, Френк Лампард, Серхио Агуеро и Един Џеко, каква фудбалска интелегенција има.
Детето за кое Фергусон уште на Мурињо му рече дека треба да го игра повеќе, еве го во едно друго издание. Скот Мектоминеј има 22 години, задача му е да ја пази средината, ама вчера гаѓаше на Олд Трафорд, онаму каде што не му ги фаќаа на Бекам. Трет гол за него во кариерата која ја почна во Јунајтед во 2016/2017.
Кристијан Нобоа е искусен 34 годишен Еквадорец кој настапува за Сочи. Па впрочем само стара коска умее вака да го наштелува шутот кога ќе го сети голманот дека не е на свое место. Преубаво.
Кулушевски е роден во Стокхолм на 25 април 2000 година. Има потекло од Македонија. Настапи на 2 меча за нашата репрезентација до 16 години и постигна 3 гола. Подоцна ФФМ проба да го разубеди во намерата да не игра за Шведска и да заигра за земјата на неговите родители (дури и Пандев му прати потпишан дрес), но тој реши да го носи дресот на Швеѓаните (веќе има пар настапи за У21).
Романецот Стефан Раду викендов на тимот на својот поранешен клупски колега, Горан Пандев му опали една левица по која сите на Олимпико се држеа за глава. Гол кој извади една ептен ретка коинциденција.
Пар другари во метро во Лондон, му пеат на трет другар „Оу Теми, Теми“ затоа што многу личи на шпицот на Челси, изненадувањето на сезонава Теми Ејбрахам. И еден дедо што од 51-ва година навивал за „сините“ се навлекува и оди да се слика со случајниот минувач.