Рамстор во последната минута дојде до бодовите во дуелот со Макпетрол
Макпетрол 0-1(0-0) Рамстор
Рамстор: Кадри Јахија
Прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Макпетрол и Рамстор, во ова прво полувреме и двете екипи се одредија за позатворена варијанта, внимавајќи повеќе на својот гол отколку на нападот. Периодично некоја од екипите ќе извршеше притисок кон противничкиот гол но без конкретна шанса за погодок, па затоа во ова полувреме изостанаа погодоците. Во второто полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра па почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни, голманите на двата тима со одлични интервенции успеаа да спасат неколку сигурни погодоци. И кога се очекуваше натпреварот да заврши со 0-0 буквално во последната минута од натпреварот екипата на Рамстор успеа да реализира за победа од 0-1.
Во неизвесна завршница Гранит поуспешни од Фабрика Карпош - ГИМ
Фабрика Карпош – ГИМ 2-3(2-0) Гранит
Фабрика Карпош – ГИМ: Ѓорги Божиков 1’ Филип Илиевски 20’
Гранит: Дарко Петров 27’ Ристе Бошев 31’ Николче Глигуровски 40’
Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со екипата на Гранит, Ѓорги Божиков со погодок во правата минута и донесе предност на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ. По оваа негатива екипата на Гранит се префрли на противничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување. Екипата на Фабрика Карпош одлично ја постави својата одбрана и не остави многу простор за игра на екипата на Гранит, а преку контра-напади успеваше да внесе немир во противничката екипа. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да постигне уште еден погодок за водство од 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Гранит започна со агресивна игра која вроди со плод од 27та минута до 31та минута тие успеаа да постигнат два погодоци и да ја стопат негативата од полувремето. По ова израмнување последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница по теренот во која поуспешна беше екипата на Гранит која во последната минута преку Глигуровски успеа да го добие овој натпревар со 2-3
ЕЛЕМ со сигурна игра до победа над Тиквеш
ЕЛЕМ 6-4(4-1) Тиквеш
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 20’ Александар Бокан 11’ 33’ Сенвет Реџепи 16’ 23’ Драги Костадинов 15’
Тиквеш: Филип Велјановски 4’ 26’ Ервин Ризаов 38’ Орде Ивановски 40'
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Тиквеш , прва до водство дојде екипата на Тиквеш со голот на Велјановски во 4та минута. По оваа негатива екипата на ЕЛЕМ го подигна темпото на игра започна со жесток притисок кон голот на Тиквеш што им донесе резултат во 11та минута преку погодокот на Бокан за израмнување. Овој погодок за израмнување и даде ветер во грб на екипата на ЕЛЕМ па во 15та минута успеаа да постигнат уште еден погодок за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Тиквеш со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на ЕЛЕМ со одлично поставена игра во одбраната не дозволи изненадување, а до крајот на полувремето го зголеми водството на 4-1. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра во кое екипата на Тиквеш се обидуваше да ја најде својата игра како би фатила резултатски приклучок. Екипата на ЕЛЕМ имаше целосна контрола врз резултатот и играта па го доби овој натпревар со резултат од 6-4