Раду од Лацио му даде гол на еден друг Раду. Вториот е 10 години помлад, се вика Андреј Јонуц Раду и брани за Џенова. И двајцата се родени во Букурешт, ама не се во роднинска врска.
Што е поентата? Само трет пат во историјата на италијанскиот фудбал се случува играч да му даде гол на голман со исто презиме.
Претходно тоа се случило на мечот Сампдорија – Фоџа, одигран во 1993-та година. Тогаш стрелец бил славниот Роберто Манчини, а голман Франческо Манчини.
Првата ваква случајност датира од 1981-ва на мечот Торино – Асколи, кога Паоло Пуличи го совладал Феличе Пуличи.
Инаку што се однесува до Раду, тој во моментов е најголемиот староседелец во Лацио кој ја игра 13-та сезона. Има 353 настапи и 8 гола, а две сезони настапуваа заедно со Пандев и го освоија Купот на Италија 2008/2009.
Освен Раду, ваква прилика ќе има и напаѓачот на Бреша, Алфредо Донарума на кој за сега му оди добро. По 6 кола има постигнато 6 гола во Серија А. Ајде да го видиме против Милан против Џиџо Донарума.