Разно

Пречек на олимписки првак на српски начин

Лондон 2012 - бронза, Рио 2016 - злато, Токио 2020 - злато, Париз 2024 - злато. Најтрофејниот олимпиец Душан Мандиќ се врати дома откако го доби балканското дерби против Хрватска во финалето на Олимписките игри. Го пречекаа со сите нишани.

Истрелот на Јусуф Дикец доби слика и тоа заедно со Дуплантис

Јусуф Дикец до толку стана хит на Олимписките игри, што дури и на изложба со уметнички слики го ставија во Турција и тоа во друштво на легендарниот Дуплантис, кој го оствари деветтиот светски рекорд во скок со стап, а потоа прослави имитирајќи го Турчинот.

САД одбива да го врати украдениот медал на Романка иако судот и МОК одлучиле така

Гимнастичкиот сојуз на САД упорно одбива да го врати бронзениот медал кој после судиска грешка и припадна на Џордан Чајлс а подоцна ѝ беше оправдано доделено на Романката Ана Барбоса.

Парола на колото

Во право е 100%.

Новак уште од кола ја запали масата во Белград

Петте олимписки медали се прославија на големо во Белград, а фештата ја најави најдобриот тенисер во светот уште на доаѓање.

Чекај Алекса да го видите како се поздрави во Вучиќ

Алекса Аврамовиќ одигра одлични олимписки игри и заслужено ќе го носи дресот на ЦСКА Москва во новата сезона. Нема официјалности кај него, дечкото е оригинал. Со српскиот претседател се поздрави како со играч во НБА после натпревар. Јокиќ и другарите се смееа во позадина.

Спектакуларна фешта за српските олимпијци во Белград

Српската олимпијска делегација се врати дома со 5 медали. Златото го освоија ватерполо репрезентацијата, Новак Ѓоковиќ и стрелачкиот тандем Микец-Аруновиќ. Со сребро се закити таеквондистката Александра Перишиќ, а бронза земаа кошаркарите. Преку 70.000 луѓе ги пречекаа во Белград, а славјето ќе остане незаборавно.

Турскиот пиштолџија во Лос Анџелес 2028

Со оглед на тоа како се претстави во Париз, од Јусуф Дикец во следните четири години се очекува уште повеќе да напредне во стилот на пукање со пиштол. Со душа ќе го чекаме.

Шоуто на Том Круз на затворањето на Олимписките игри

За отворањето имаше поделени мислења, ама за ова глупаво е да се наоѓаат маани. Дајте му медал на сценаристот за овие 5 минути.

Кај се пливаше на Олимписки Игри во Париз а каде во Рио 2016?

Реката Сена беше поприште на многу олимписки трки во пливање летово во Париз. Голем дел од јавноста во Франција и општо во светот беше многу скептичен околу тоа што сè не плови низ главната река на Париз. Некои спортисти ги спотерало јако после пливање во Сена.

Најјаката штафета со историјата

Не постои сладокусец за атлетика кој не ужива, не се навраќа и не се ежи на трката 4x100 во Лондон 2012. Неста Картер, Мајкл Фратер, Јохан Блејк и Усеин Болт во супермен издание за нов светски рекорд од 36,84 секунди. Кој ли ќе го собори ова ремек дело на Јамајка?

Само за тебе Сузан, 258 кила на две раце

На неверојатните олимписки приказни им нема крај. Имаме уште една емотивна после поделбата на златниот медал во скок во височина. Ни доаѓа од Пекинг 2008. Матијас Штајнер и ветил на сопругата дека еден ден ќе освои златен медал во кревање тегови. Во 2007-ма му се случува трагедија, сопругата Сузан Штајнер му гине во сообраќајна несреќа. Матијас следната година оди во Пекинг, не му успева ниту од прва, ниту од втора, но од трета мајка крева 258 кила и победува. Во едната рака го држи медалот, во другата фотографија од нејзе.

Кинескињи паѓаат во вода или кикирики?

Што сè не излезе за време на Олимписките игри. Гледајте ја техникава во скокање и направете разлика каква поплава правите вие кога скокате. Освен ако и вие не сте 50 кила со се кревет.

А што велиш да си го поделиме златниот медал?

Се сеќавате ли на најјакиот момент од Токио 2020? Џанмарко Тамбери од Италија и Мутаз Еса Баршим од Катар, во дисциплината скок во височина имаа идентичен резултат: 2 метри и 37 сантиметри. Судијата им даде опција одново да скокаат за златото, но Катарецот даде невиден предлог, односно праша дали може и двајцата да добијат злато? Италијанецот скокаше од радост.

Кои се кралот и кралицата на Олимписките Игри со најмногу злата?

Францускиот пливач Леон Маршан и младата австралиска пливачка Моли О’Калахан се најголемите јунаци на Летните Олимписки Игри во Париз од каде си одат дома со по пет освоени медали!

Успехот на Дарио Ивановски е еднаков на олимписко злато, „трча“ со години низ кошмар

Дарио едвај успеал да најде добар тренер што со минимална поддршка и безброј искушенија ќе му помогне на патот по кој тргнал; тренер што нема да си ги лечи сопствените комплекси на него; тренер што самиот сака да учи и да се усовршува; тренер што се покажал како правдољубив, дисциплиниран и доследен. Во други средини тоа е сосема нормално и очекувано, но кај нас тоа е чудо!

Како завршија земјите од регионов на Олимписките Игри?

Земјите од Балканскиот полуостров освоија 53 медали на Олимписките Игри. Се освојуваа одличја и во индивидуални но и во екипни спортови. Некои земји имаа солидна берба летово.

Србија ја разби Хрватска во финале за ново олимписко злато

Ватерполистите на Србија трет пат по ред се олимписки шампиони откако попладнево ја совладаа Хрватска 13:11 во големото финале во Париз.

Јокиќ и другарите ја згрмија „Македонско девојче“

Неофицијалната химна на Македонија ечеше во Париз во изведба на српската кошаркарска репрезентација, за време на славјето за бронзата после големата победа над светскиот првак Германија. Честито комшии. Олимпијадава ја изигравте за златен медал.

Снимка од анксиозниот Хитлер за време на Олимписки игри

11-те Летни Олимписки игри се одржале во Берлин 1936, за време на нацистичка Германија. Се натпреварувале 3.963 спортисти (3.632 мажи и 331 жени) од 49 земји во 19 спортови. Германците доминантни со 101 медал од кои 38 златни, пред Американците втори со 57 од кои 24 златни. Адолф пак е немирен.

Ивановски: Имав повисоки очекувања, но од шестиот километар трчав повреден

Дарио Ивановски утринава во Париз испиша историја и стана првиот Македонец кој трчаше на олимписки маратон. Заврши со 20 минути послабо од неговиот личен рекорд. Се соочил со повреда на стапалото и коленото на сред трка, но и покрај тоа успеа да ги истрча 42-те километри. Браво јунак.

Историски миг во Париз, Дарио Ивановски гордо на целта со македонското знаме

10 август 2024-та ќе остане запечатен како историски датум за македонскиот спорт. Дарио Ивановски е првиот Македонец кој настапи на Олимписки игри во тешката и исцрпувачка дисциплина, а тоа е маратонот во должина од 42 километри.

Закажан мега класик во ватерполо финале: Србија - Хрватска

По ватерполистите на Србија кои во полуфинале ги совладаа САД 10-6, пласман во големото финале на Олимписки Игри во Париз обезбеди и Хрватска која во големото дерби со Унгарија славеше 9-8.

Редно е да ги запознаеме најубавите олимпијки

Олимписките игри во Париз во недела ќе завршат, а ние уште не сме ви го пласирале најубавиот фото колаж. Освен Парагвајката.