Сензација во Белата куќа пред Трамп, Гејџи го совлада големиот Топурија

Претседателот на САД Доналд Трамп пред неколку месеци најави, а синоќа го оствари како подарок за неговиот 80-ти роденден, во дворот на тревникот во Белата куќа се организираше УФЦ настан. Се бореа големите Илија Топурија и Џастин Гејџи. На општо изненадување на целата јавност, американскиот ветеран го совлада Топурија убедливо.

На главниот настан на UFC 250 Freedom спектаклот одржан во Белата куќа, во Вашингтон, после година дена пауза се појави и големиот шампион Илија Топурија, првак во перолесна категорија и еден од најголемите борци на денешницата.

Во тревникот на Белата куќа се поставил октагон од таканаречена „шепа“, тешка 600 тони и висока 28 метри:

Топурија се обиде да го освои појасот во лесна категорија но од друга страна стоеше 8 години постариот Американец Џастин Гејџи. Како загревање за борбата беше прославата на победа на Топурија 24 часа пред дуелот, нешто што тој традицонално го правеше но сега му се одби од глава.

Кога сите очекуваа уште еден рутински триумф на Грузиецот Илија Топурија кој немаше пораз во цела кариера, Џастин Гејџи со прецизни ударци, агресивен пристап и постојан притисок постепено го кршеше отпорот на Топурија.

Пред околу 100.000 гледачи кои беа собрани во Елипс паркот близу Белата куќа, Гејџи на почеток му го раскрвари лицето на Грузиецот под окото. Но Илија се врати, успеа дури и да го собори ривалот и да му задава удари во телото.

Во третата рунда Гејџи со силен удар го собори противникот и тогаш изгледаше дека големиот шампион е готов. Но Топурија успеа да издржи до крајот на третата рунда. Лицето му беше толку многу унаказено а двете очи му беа практично затворени.

Пред четвртата рунда изгледаше дека судијата ќе стави крај на маките на Топурија и ќе го прекине натпреварот поради тешката расекотина под око на грузискиот борец. Но судијата Марк Годар ја продолжи борбата, а во четвртата рунда Гејџи одново беше далеку посилен, со жестоки ударци го дотолчи Илија Топурија.

Борбата конечно беше прекината од аголот на Топурија кој едвај седна до столчето. Џастин Гејџи беше победник во едно од најголемите изненадувања во историјата на УФЦ борбите.

Илија Топурија го изгуби шампионскиот појас во перолесна категорија а сега има 17 победи и 1 пораз. Од друга страна Џастин Гејџи се врати на голема врата и има учинок од 27 победи и 5 порази.

15 јуни 2026 - 10:35