Разно

Рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот Ролан Гарос е продаден за рекордна сума

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во 2016-та година го освои својот прв пехар на легендарниот Ролан Гарос. Рекетот од мечот во финалето против Енди Мареј кого го доби 3-1 во сетови синоќа бил продаден за неверојатни 107.482 долари, највисока цена некогаш платена за тениски рекет.

Рони О'Саливен за Ѓоковиќ

Најдобриот снукер играч на сите времиња и актуелен светски шампион, великанот Рони О'Саливен уште еднаш упати пофални зборови до светскиот тениски рекет број 1.

Рафа Надал се враќа

Еден од најголемите тенисери на сите времиња, Шпанецот Рафаел Надал после долга пауза надвор од терените, соопшти дека е целосно спремен да му се врати на тенисот.

Ѓоковиќ жестоко исвиркан од англиски навивачи, им одговори

Србија маестрално тргна во поход на пехарот во Дејвис Купот, тениското светско првенство откако вчера со 2-0 ја победи Велика Британија и се пласираше во полуфиналето. Прво Кецмановиќ го совлада Џек Дрејпер 7:6, 7:6 а после Ѓоковиќ со 6:4, 6:4 беше подобар од Камерон Нори.

Бочели го расплака Роџер Федерер

На концерт во Цирих, легендарниот оперски пејач Андреа Бочели откако дознал дека во публика е тенискиот великан Федерер, го повикал на сцена и со посвета за него ја испеал епската „Несун дорма“. Швајцарецот се расплакал.

Шампионот шампионски

Во големото финале на АТП завршниот собир на најдобрите, Новак Ѓоковиќ со 6:3, 6:3 го совлада најдобриот италијански тенисер Јаник Синер и ја освои седмата титула на овој вреден турнир.

Новак го растури Алкараз за ново големо финале

Најдобриот светски тенисер го збриша својот најголем ривал во последниве неколку месеци со 6:3, 6:2 и убедливо се пласираше во ново големо финале на АТП завршен турнир. Новак ќе игра во недела од 18 часот против миленикот на домашната публика Јаник Синер кој беше подобар од Србинот пред само неколку дена во групна фаза.

Тајсон Фјури го навредуваше Усик, овој со насмевка

Во пресрет на големиот мегдан меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик, борба која ќе значи обединување на сите шампионски појаси во тешка категорија, првиов му дофрлал нешто на Украинецот кој се насмеа. „Колбас! Мал грд човек, зајко“, викал Фјури додека Усик го слуша и се смее.

Британка го предаде најважниот меч во кариерата поради транс-жена

Публиката во градот Денгигшаер во Велс била спремна да го гледа големото финале на престижниот женски турнир во билијар „Шампион на шампионите“, но на крајот мечот се одложил.

Си дадов отказ на работа за да играм Фудбал Менаџер по 8 часа на ден

26 годишен Јутјубер ја баталил својата советничка работа. Сега ја игра својата омилена игрица со полно работно време, сам на себе си е газда и прави дупло повеќе пари.

Дајте некоја маточина за рускиов тенисер Рубљов

На завршниот АТП турнир во Торино каде што се собрани најдобрите осум тенисери на светот, Андреј Рубљов го претрпе и вториот пораз. Подобар од него со 2-0 во сетови беше Карлос Алкараз. Во текот на мечот поради свои неизнудени грешки Рубљов во еден момент беше лудачки настроен кон себе.

Варијанти кои му требаат на Ѓоковиќ за полуфинале во Торино

Најдобриот светски тенисер се најде во незавидна ситуација на собирот на најдобрите 8 играчи во Торино, откако со 1 победа и 1 пораз сега би можел да испадне уште во групна фаза.

Најголемата италијанска гордост го урна Ѓоковиќ

Како да лебдеше во воздух првиот пораз на Новак Ѓоковиќ после подолго време. И се случи. Младиот 22-годишен Италијанец Јаник Синер ги имаше сите предуслови конечно после пет порази да успее да го совлада Ѓоковиќ. На АТП финалните дуели во Торино, Синер имаше огромна поддршка од домашната публика, игра во одлична форма и го искористи моментумот.

Ѓоковиќ го доби најчудното барање за автограм

Ова ќе му дојде нешто како привремена тетоважа која уште на прво туширање ќе оди во историјата.

Харден се изглупира, па доби јака блокада

И покрај тоа што склопи ѕвезден тим од неколку големи имиња, ЛА Клиперс никако да „кликне“. Синоќа изгубија 105-101 од Мемфис Гризлис и тоа им е шести пораз сезонава, трет откако Џејмс Харден го засили тимот од Лос Анџелес.

Ѓоковиќ кршеше рекети и на крај го скрши отпорот на Руне

Во три часа игра Новак Ѓоковиќ на многу потежок начин од очекувањата го победи младиот Данец Холгер Руне со 2-1 во сетови на АТП финалните дуели во Торино. Новак го доби првиот сет но Руне израмни на 1:1 и покажа дека ќе биде тврд орев. На крајот Ѓоковиќ го крена темпото на игра и го освои третиот сет 6:3 за прв триумф во Торино.

Како Новак цепа течно пет јазици

Додека животот му го посвети на тенисот за да стигне до рекордни 24 Гренд слем титули и вкупно 97 трофеи, Ѓоковиќ успеал да најде време и да стане полиглота. Зборува англиски, шпански, италијански, германски, француски и по малку кинески.

Интересни одговори на тениско прашање за играчите на Јувентус

Фудбалерите на Јувентус се во добра серија, играат во одлична форма и се при врвот на Серија А. На тренинзите работат напорно додека се играат еврокупови, а имаа и интересни одговори на прашањето кој ќе победи на завршниот тениски собир на најдобрите во Торино сега во ноември (од 12-ти до 19-ти).

Кој е Марк Маден, новиот агент на Ѓоковиќ задолжен за неговиот имиџ

Најдобриот светски тенисер годинава по се изгледа ќе ја заврши на прво место, освен ако нема некои изненадувања. Новак во меѓувреме направи и големи промени надвор од тениските терени.

Кога Мет Дејмон отишол на фудбал во Аргентина

Светски славниот глумец раскажува како еднаш додека бил на гости кај родителите и роднините на жена му која е Аргентинка, разбрал дека има фудбал, игра Бока и побарал од вујкото на сопругата да отидат.

Ига Швјонтек - најдобрата тенисерка на светот заработила 19 милиони долари

Секој од најпознатите тениски турнири е собир за најдобрите тенисери и тенисерки на светот каде конкуренцијата треба да биде најголема. Но Ига Швјонтек не мисли така.

Новак ѝ покажа кохонес на париската публика

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најдобар светски тенисер откако во страшно напорниот меч со тврдиот Андреј Рубљев успеа да направи пресврт и по исцрпувачка борба да победи со 2-1 по сетови 5-7, 7-6, 7-5. Париската публика одново го иритираше и му свиреше, а Ѓоковиќ во еден момент по триумфот им покажа колкави кохонес има. Денес во финалето од 15 часот во Париз го очекува Бугаринот Григор Димитров.

Ѓоковиќ во клинч со париската публика

Најдобриот светски тенисер синоќа многу потешко од очекувањата го победи анонимниот Холанѓанецо Талон Грикспор со 4-6, 7-6, 6-4. Во текот на мечот париската публика постојано го провоцираше и исвиркуваше Новак кој им одговори со пцовки.

Седмата тенисерка на светот се расплака поради војната

По триумф над чешката тенисерка Маркета Вондрушова 6:4, 6:4, туниската тенисерка Онс Жабур имаше емотивно интервју на самиот терен. Зборуваше за невино настраданите во војната меѓу Израел и Палестина и се расплака.