Ова е беспрекорен резултат за Трајковски и македонската атлетика која за првпат во историјата има свој претставник во финална дисциплина на Европско првенство. Беше пријавен со 13-ти резултат во оваа дисциплина, но успеа да се најде меѓу најдобрите осум и да постави нов државен рекорд.