Разно

Медведев пак во расправија со париската публика

Третиот тенисер на АТП ранг листата, Русинот Данил Медведев изгуби во 2. коло од Бугаринот Григор Димитров со 2-1 по сетови 6-3, 6-7, 7-6. Медведев одново влезе во конфликт со трибините и никако да сфати дека што повеќе се буни, повеќе го исвиркуваат.

Запознајте ги Светските борбени игри и првото претставување на Македонија во аикидо

Саудиска Арабија стана топ тема за фудбал после мега офанзивата на купување ѕвезди од Европа. А таму само што заврши еден сè уште релативно тазе голем светски настан, за кој малку се пишува кај нас. Тоа се таканаречените World Combat Games на кои се вееше македонското знаме. Плус освоивме бронзен медал.

Алкараз изгуби и испадна во 2. коло во Париз

Шпанецот е во голем пад на форма па откако беше елиминиран на турнирите во Шангај и Пекинг, сега многу рано испадна и на Мастерсот во Париз за кој долго се спремаше. Подобар од него беше 45-от тенисер на светот, Русинот Роман Сајфулин кој славеше со 6-3, 6-4.

Ѓоковиќ на француска тв: „Се надевам еден ден со Надал ќе пиеме пијалак на плажа“

Најдобриот светски тенисер на денешницата деновиве ужива во прекрасниот Париз каде го чека турнир од серијата 1000. Новак доби специјална покана и за свечената церемонија на Франс Фудбал каде ја прогласи најдобрата женска фудбалерка за минатата година, а гостувал и на еден француски канал.

Македонци со „Едно име имаме“ освоија врв на Хималаите

11 члена македонска експедиција викендов го искачи Ајланд Пик на Хималаите, висок 6.189 метри. Дел од екипата се струмичанецот Благој Ѓузелов, велешанецот Тодорче Ѓоргиев, битолчанецот Горан Дамевски. Честитки до сите, посебно до Богољуб Петрoски - Боге од Скопје, познат на редакцијата.

„Ова не беше во скриптата, Енгану да ти бил страшен боксер“

Иако обложувалниците го гледаа како апсолутен фаворит и му даваа екстремно ниски коефиценти 1.10, 1.07 на победа, Тајсон Фјури не го издоминира Франсис Енгану кој дојде од УФЦ и првпат боксуваше во професионален бокс со боксерски правила.

За малку сензација, Фјури беше срушен и совладан, едвај победи

Еден од најдобрите боксери на денешницата си ја разниша репутацијата откако синоќа после десет рунди доби сериозен ќотек од Франсис Енгану кој првпат влегува во боксерски ринг и доаѓа од УФЦ.

Фото на денот

„Кога беше во Скопје во 2000 година, Мика Хакинен рече дека Македонија еден убав ден ќе има трка. Замисли само Gazi Baba Grand Prix“, гласеше еден твит. Од посетата кај нас на двокарниот Ф1 шампион (1998 и 1999), кој му беше ривал на Шумахер, налетавме на една ваква фотографија.

Форхенд на Медведев директ кај гледачка в лице

Данил Медведев кој на турнирот во Виена го совлада Артур Фил, при водство од 5:1 во вториот сет, непотребно се изнервира поради загубен поен и удри една госпоѓа на трибини. Чудни критериуми гледаме во тенисот. Русинот не го суспендираа, исто како и Федерер пред години, а Ѓоковиќ за слична ваква ситуација на Австралија опен 2020 го исфрлија од турнир.

Дали е Тајсон Фјури најдобар тешкаш на сите времиња?

На 28. октомври во Саудиска Арабија Тајсон Фјури ќе боксува против некогашниот шампион од УФЦ, страшниот Франсис Нгану, а после само два месеци најверојатно ќе се бори и за апсолутната шампионска титула во тешка категорија против Александар Усик со кого е договорен двомеч.

Ѓоковиќ засвири на саксофон на сред концерт

На концерт на хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер во белградска „Арена“, меѓу првите гости биле Новак и Јелена Ѓоковиќ. Најдобриот светски тенисер во еден момент се качил на сцена и засвирил на саксофон.

Каква чест за Калин Ивановски, тренираше со Ѓоковиќ

Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски кој има 19 години и е на 308 место на АТП листата, имаше привилегија да се сретне и да поработи во Белград со најголемиот. Инаку Ивановски живее и тренира во Загреб, а Ѓоковиќ во една прилика изјави дека би сакал да одигра натпревар со него.

Израелска амбасада го вовлекува и Ѓоковиќ во конфликтот

Страшниот воен судир меѓу Израел и Палестина и натаму трае, а двете страни на секој начин се обидуваат да ја добијат меѓународната поддршка. Израелска амбасада во Белград преку еден апел во кое се споменува млад тенисер, бара директно од Новак Ѓоковиќ да ги поддржи.

Махачев за само три минути го совлада Волкановски

Дагестанецот кој се бори под руско знаме Ислам Махачев е победник на најатрактивната борба во склоп на УФЦ 294 во Абу Даби откако после само 180 секунди го реши Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски.

Јака најава за мегданот Махачев - Волкановски

Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски утре вечер (сабота) во Абу Даби ќе има реванш со Русинот Ислам Махачев. Нивната борба ќе биде главна на настанот УФЦ 294. Махачев го доби првиот дуел по судиска одлука во февруари годинава, иако делуваше дека Волкановски иако доаѓа од сосема друга категорија, беше и повеќе од рамноправен противник.

Зошто се шеташ за време на поенот? Зошто?

Новак Ѓоковиќ не е единствениот тенисер кој се нервира понекогаш на сред натпревари поради низа причини. Погледнете колку беше бесен Андреј Рубљов за време на финалето на Мастерсот во Шангај, кон еден фоторепортер кој го деконцентрирал бидејќи поминувал во многу важен момент од третиот се. Инаку Хуберт Хуркач го освои турнирот со победа од 2:1.

Навивач му шматаше на Рубљов пред да сервира, судијата го прекина

На тениската меѓународна сцена се игра АТП турнирот во Шангај. Бугаринот Григор Димитров направи сензација над Карлос Алкараз и го елиминираше со пресврт. На мечот пак меѓу Андреј Рубљев и Адриано Манарино кој Русинот го доби со 2:0, судијата имаше необична интервенција во публика.

Нов рекорд за најбрз пит-стоп во Ф1 на сите времиња

На трката за Големата награда на Катар на која победи Макс Ферстапен, а две места на подиумот освоија и второпласираниот Пиастри и третиот Ландо Норис од Мекларен, овој тим постави и нов рекорд во најбрз пит-стоп на сите времиња. Вториот пит-стоп на Норис бил измерен на 1,8 секунди за колку што техничарите му ги смениле гумите на Ферстапен на трката за ГН на Бразил.

Тенисер во бес удри судија со топче

Во последната рунда од квалификациите за Мастерсот во Шангај, на мечот меѓу Австралиецот Марк Полманс и Италијанецот Стефано Политано, првиов при резултат 7-6, 6-6 (6-6) во тај-брејк со сета сила го удри судијата со топчето после загубен поен. Дисквалификуван е и исфрлен од турнирот.

Конечно некој имитатор да го скине добро Новак

Обично Ѓоковиќ сака да имитира, ама се најде некој да го имитира него и тоа одлично. Се работи за британскиот комичар Џош Бери, кој му ги скина бојата на гласот, смеењето и гримасите. Многу добар, а тоа го призна и Новак.

Прво ова не е вечера, второ Шарапова ни должи видеа

Славната руска тениска убавица, Марија Шарапова раскажува кога излегла со Новак Ѓоковиќ.

Мерцедес после Ф1 трката во Јапонија му го појача прометот на Ред Бул

Макс Ферстапен изминатиов викенд победи на патеката „Сузука“ и ја осигура конструкторската титула за неговиот Ред Бул. Австријците потоа не можеа да навасаат со нарачки за пијачки, само поради еден гаф на Мерцедес.

Ѓоковиќ и за голф го бивало

Во пресрет на големиот Рајдер Куп на кој играат најдобрите голфери од САД и Европа, група ѕвезди од другите спортови се пробаа на теренот. Андреј Шевченко, Герет Бејл (инаку врвен голфер), Карлос Саинз, Новак Ѓоковиќ и други демонстрираа дека добро го познаваат и овој спорт. Турнирот се игра од 27 септември до 1-ви октомври во клубот „Марко Симоне“ близу Рим.