Трамп потпиша декрет за забрана на трансродови спортисти

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпишал декрет со кој на трансродните спортисти им се забранува да учествуваат во женски спортови.

Со голем аплауз и овации од неколку десетини спортистки присутни во салата во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп соопшти: „Поради овој декрет, војната против женскиот спорт е завршена“.

Овој декрет предвидува одземање средства на школите кои овозможуваат на ученисиците на таканаречената трансродна заедница да бидат дел од женски спортски екипи. Федералната влада ќе им ги стопира тие средства.

„Нема да биде федерални финансирања за овие институции“, нагласува Доналд Трамп.

Првиот човек на САД кој неодамна по втор пат беше избран на најмоќната позиција на светот, искористил можност да се обрати и до Меѓународниот олимписки комитет (МОК). САД ќе биде домаќин на следните Олимписки Игри, како и на Светското првенство во фудбал 2026.

„Во Лос Анџелес во 2028-ма година мојата администрација нема да седи со скрстени раце додека мажи победуваат жени. Нема тоа да го допуштиме“, им рекол Трамп и додал дека Алжирката Иман Халиф е машко. Иман Халиф крена многубројни контроверзи околу својот пол откако со голема леснотија освои златен медал во бокс на Олимписките Игри во Париз.

Во меѓувреме тогаш се обелодени дека Светската боксерска федерација (една од нив зошто има повеќе) и забранила на Иман Халиф да се натпреварува во женска конкуренција поради сериозни наоди дека е машко.

6 февруари 2025 - 10:41