Стравичен пад на шампионот во МотоГП

Пред стартот на новата сезона во најдобрата мотоциклистичка трка на светот МотоГП, тестирања има на патеката „Сепанг“ во Малезија. Синоќа актуелниот светски шампион и возач на Априлиа Хорхе Мартин имал страшен пад на патеката. За среќа минал добро, без посериозни последици, а се пожалил само на болки во левата нога и десната рака.

Пред падот 27-годишниот Шпанец од Мадрид кој возеше за Дукати од 2021-2024 па од 2025-та е во Априлија, извозел 12 круга. 

5 февруари 2025 - 11:38