Најчудна сцена во тенис што скоро е видена

Синоќа во градот Хаселт, во Белгија се играа натпревари од квалификациите за Дејвис Куп меѓу репрезентациите на Белгија и Чиле.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Белгијците на крајот обезбедија многу контроверзна победа откако чилеанскиот тенисер Кристијан Гарис одби да го продолжи мечот против Белгиецот Зизу Бергс поради бизарна причина.

Во третиот сет при 11-от гем, Белгиецот Бергс направи брејк и поведе 6-5 пред да сервира. При радоста за освоениот поен белгискиот тенисер скокаше близу клупите кај судијата а во таа еуфорија при поминување го закачи со рамето противничкиот тенисер во лицето. Овој падна и се држеше за едното око па набрзо доби и лекарска интервенција.

„Кристијан Гарин доживеа удар во окото што беше причина да падне и да ја удри и главата. Ова придонесе за потење, матно гледање, нагон за повраќање, главоболка, иако тој не изгуби свест. Кристијан Гарин не е во состојба да продолжи да игра“, рекол докторот на репрезентацијата на Чиле Алехандро Оризола откако го испитал Гарин во соблекувалната.

Белгискиот тенисер Бергс му се извинил на Чилеанецот Гарин и нагласил дека немал никаква намера да го повреди.

Додека седел на клупата Гарин протестирал кај главниот судија, Португалецот Карлос Рамос и му рекол дека изгубил фокус поради ударот од Берг и дека е нефер да се врати на теренот под вакви услови, после силен удар после два часа интентизен тенис.

Зизу Бегс само добил предупредување за однесувањето. Целата селекција на Чиле меѓу кои и селекторот-капитен Николас Масу ја поддржале одлуката на Гарин да не продолжи да игра.

Николас Жари кој требаше да го игра петтиот меч од серијата Белгија - Чиле ако Гарин победеше, земал еден мобилен телефон од публиката и им го покажал моментот со повредата на 131. рангираниот тенисер на светот на останатите соиграчи од репрезентацијата.

Судијата според правилникот го казни Чиле поради тоа што Гарин доцнел со враќање на терен. Прво опомена, па одземање поен и на крајот победа доделена на Белгија со 7:5 во последниот сет.

Зизу Бергс ладно си прославил со соиграчите од репрезентацијата а Гарин заминал во соблекувална.

3 февруари 2025 - 10:25