Само четири месеци по крајот на Олимписките Игри во француската престолнина, многу освојувачи на олимписки медал се жалат дека медалите веќе им се рѓосани, дека површината е изгребана а сјајот полека исчезнува.
Производството на олимписките медали требало да вклучува најдобра изработка од најдобри материјали, но Меѓународниот олимписки комитет (МОК) овојпат изгледа ја утнал работат.
Најголеми поплаки има од бронзените медали чиј сјај набрзо се изгубил а освојувачите на истите велат дека макотрпно стигнале до нив преку тешки борби а сега останале со парче рѓа.
degraded quality of Paris Olympics bronze medal after a week.
— SAINT (@saint) August 9, 2024
Nyjah Huston, member of the USA skateboard team, raised concerns over the quality of the Olympic medals:
“these Olympic medals look good when they’re brand new, but after letting it sit on my skin with some sweat for… pic.twitter.com/7tDD9ZNhEL
Медалите за Олимписките Игри во Париз ги правел францускиот златар Шоме а уникатноста се состои во тоа што секој медал имал по некое зрно железо од самата Ајфелова кула.
Секој медал е со пречник од 85 милиметри а дебел 9,2 милиметри. Тежината на златниот медал е 529 грама а брозната тежи 455 грама.
Меѓународниот Олимписки Комитет појасни дека бронзениот медал е направен од легури бакар, калај и цинк поради што е слабо отпорен на влага и на пот.
Сребрените медали, велат, се направени од полно сребро а златните содржат по шест грама чисто злато прекривено со сребро.
Овој недостаток во стандардите на производство отворил прашање дали карактеристичниот елемент, малиот фрагмент од Ајфеловата кула, симболот на Париз, можеби го загрозил квалитетот на медалот затоа што евтините медали брзо „ја нагризуваат бронзата“.
Но има уште еден важен момент: за Олимписките Игри 2024 во Париз организаторот нагласи дека медалите ќе ја одржуваат посветеноста на одржливоста, така што ќе бидат правени и од рециклирани материјали кои се добиваат воглавно од напуштена електронска опрема која ја донирале граѓани ширум светот.
Оваа акција тогаш доби позитивни реакции поради еколошки прифатливиот пристап, но сега е под голема лупа поради неквалитетот на медалите.
Употребата на рециклирани материјали во производство на олимписки медали е промовирана како иновација но испадна катастрофална.
Оксидацијата и предвременото абење на бронзаните медали ги натерале стручњаците во оваа област да се запрашаат дали процесот на рециклажа сепак го загрозува интегритетот на медалот.
Некои анкетирани металурзи рекле дека рециклажата бара строга контрола над составот на материјалите со цел да се обезбеди конечниот производ да добие долготрајност.
Проблем се јавил и поради тоа што прво морале да користат отровна супстанца хром-триоксид која што се користи во производство на лакови, во самиот процес на премачкување метални површини со цел да се подобри нивната отпорност на корозија.
🚨PARIS OLYMPICS 2024 MEDALS FALL APART—LITERALLY!
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 13, 2025
The Paris 2024 Olympics’ medals are falling apart, with over 100 athletes returning them due to visible damage—particularly bronze medals.
One French swimmer described their medal as looking like it "went through a war." Is… pic.twitter.com/cbKNELXxgN
Но оваа супстанца е забранета во Европска Унија па организаторите морале да се откажат од таа компонента и да ја заменат со нов лак кој сепак не бил доволно тестиран.
Париската кованица која што била задолжена за изработка на медалите веќе отпуштила три лица кои биле одговорни за овој пропуст.
Со цел да го намали срамот, ковачницата од Париз која ги правела медалите решила на сите кои се жалеле на квалитетот на медалите да им подари нови, а повеќе од стотина олимпијци се пријавиле за нови затоа што нивните им се распаднале.
Сега се работи на пронаоѓање нови решенија за нов состав со цел медалите да останат во совршена состојба.