Се прошири скандалот со норвешките скијачи и лажирање со опремата

Скандалот со норвешката репрезентација во скијачки скокови се проширува, затоа што уште тројца скијачи се суспендирани откако било утврдено дека и ним им се пришивале дополнителни аеродинамични делови на опремата со цел полесно да се одржуваат во воздух при скоковите и да остварат подобри резултати.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

По суспензијата на олимписките златни медалисти во скијачки скокови Мариус Линдвик и Јохан Андре Форфанг, Меѓунароснта скијачка и сноуборд федерација изрекла нови суспензии. Привремено се исфрлени од натпреварувањата и не им се признати резултатите од неодамнешниот Светски Куп од норвешкиот Трондхајм уште и Робин Педерсон и Кристофер Ериксен Сундал.

Мишел Фон, генералниот секретар во Меѓународната скијачка и сноуборд федерација рекол: „Слушнав како рекоа 'Да, но ски скоковите се посебни. Тие секогаш се на границите, може да одиграме...' Не, нема игра тука. Тука има само правила“.

Истрагата на независната канцеларија при Меѓународната скијачка и сноуборд федерација (ФИС) се уште е во тек. Признанија први дадоа селекторот и екипниот менаџер на норвешката селекција во ски скокови.

Луѓе од Меѓународната федерација ја собрале сета опрема и одела за скијачки скокови од норвешката селекција користени за време на Светскиот Куп во Трондхајм (Норвешка). Биле пронајдени нерегуларности на оделата користена од женската селекција и од тимот на мешани двојки. Најголеми сомнежи имале пришиени делови на опремата на машката селекција па затоа се суспендирани Педерсон, Сундал и Јохансон.

Дојче Веле пишува дека скандалот се открил откако било објавено едно видео од минатиот петок од некој собир во Трондхајм каде скришно во хотелска соба имало машина за шиење и на неа оделата за скијачки скокови.

Наводно самите скијачи немале претстава за ова а првите двајца суспендирани изјавија дека „се шокирани и дека вакво нешто не очекувале ниту во најлуди кошмари“.

Норвешки селектори на скијачи правеле дубари со костими, одземени им се медалите од Светско првенство

14 март 2025 - 09:30