Аман бре Медо, не си освоил Вимблдон

Ексцентричниот руски тенисер Данил Медведев го совладал 20-от тенисер на светската ранг листа Артур Филс од Франција во четвртфиналето на Индијан Велс (САД) со 6:4, 2:6 и 7:6 па победата ја прославил со урлање и скокање како никогаш досега во кариерата.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Данил Медведев подоцна изјавил дека малку претерал и ја објаснил прославата: „Загубив три неизвесни меча во низа годинава, а во два од нив бев многу блиску до победа. Кога ќе загубиш такви мечеви ја губиш и самодовербата. Не можев да се контролирам“, рекол Медведев. 

14 март 2025 - 13:21