Канаѓаните ја исвиркаа химната на САД, тензии и тепачки на мразот

Хокеарскиот ривалитет меѓу САД и Канада е одамна познат, а сега поприми и некои пошироки размери со оглед на политичкиот контекст во последниве неколку недели. Сега репрезентациите на САД и Канада во хокеј се сретнаа за првпат после Олимписките Игри 2022. 

Натпреварот се играше во Монтреал, во рамки на таканаречениот Куп на 4 Нации. Играат САД, Канада, Финска и Шведска иако претходно било договорено да настапат уште и Германија (немала доволно НХЛ играчи) и Чешка (не се спремила навремено организациски), а според ранкингот и Русија која не добила покана.

Дуелот Канада - САД се играл во Монтреал, во салата „Бол Центар“ а присуствувал и премиерот Џастин Трудо на трибините.

Натпреварот почнал тензично откако Канаѓаните ја исвиркале химната на САД, а ова веќе станува пракса во НХЛ и во НБА кога домаќини се канадски екипи.

Тензиите меѓу двете земји се зголемени откако старо-новиот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе ги зголеми царините на увоз од нивните соседи а исто додаде и дека постои идеја Канада да стане 51-ва држава во САД.

Уште на самиот старт на мечот, буквално во првите 9-10 секунди на мразот избиле три тепачки. Први „мразот“ го скршиле Метју Ткачук (САД) и Брендон Хагел (Канада) кои биле пратени во казнениот простор по тепачката на 2 секунди од почеток од мечот.

Братот на Ткачук, Брејди и Сем Бенет од Канада подоцна ги фрлиле ракавиците неколку секунди подоцна, и самите започнале силна тепачка.

После шест секунди на мразот имало уште еден сурид, меѓу ЏТ Милер и Колтон Парајко (Канада) кои се забоксувале прописно.

На крајот САД победиле 3-1.

Селекторот на САД, Мајкл Саливен рекол: „Мислам дека е многу индикативно колку ова им значи на играчите. Има два тима кои се многу конкурентни, имаат тон гордост за нивните репрезентации и нивните земји.

За мене, кога инвестираш во обидот да победиш на ваков начин, мислам дека е прав показател за тоа. Каков неверојатен хокеј натпревар“, рекол селекторот Саливен.

Овој турнир доаѓа како освежување за НХЛ играчите кои самата лига не ги пушта на Олимписки Игри (2018 и 2022), па цели 10 години не играле меѓународен хокеј.

„Мислам дека 10 години неиграње меѓународен хокеј изби во минута ипол“, додал селекторот на САД.

Канада во понеделник ќе игра против Финска во последното коло од групна фаза а САД ќе игра против Шведска.

16 февруари 2025 - 12:32