Млада британска тенисерка се соочува со страв од прогонувач

Дваесет и две годишната Ема Радукану која е родена во Канада од татко Романец и мајка од Кина, живее во Лондон. Таа во 2021-ва година на само 18 години стана светска тениска сензација откако го освои Отвореното првенство на Австралија, нејзин прв Грендслем во кариерата.

Радукану неодамна била жртва на прогон откако се открило дека еден маж постојано ја прогонувал за што добил петгодишна забрана на приод и казна со друштвено-корисна работа. За време на судењето во 2022-ра било откриено дека тој маж пешачел дури 37 километри за да стигне до нејзиниот дом каде зел една чевла од татко и како сувенир и оставил писменце со порака „заслужува љубов“.

Сега во Дубаи за време на натпревар Ема Радукану се расплакала и се потресла. Дошла кај главната судијка, ѝ се пожалила дека во прв ред од трибините видела маж којшто претходно и приоѓал јавно.

„Од кога се случи тоа се чувствувам непријатно, се плашам да излегувам посебно кога сум сама. Како слободата да ми е одземена, стално гледам преку раменици, чувствувам страв и напнатост дека ова ќе се повтори некаде, не се чувствувам безбедно ниту во својот дом каде треба да сум најсигурна“, вели Радукану која го изгубила својот меч од Мухова 2:0 во сетови.

19 февруари 2025 - 12:38