Стадионите за време на натпреварите од македонското фудбалско првенство се празни не само затоа што фудбалот ни е тапа, туку и затоа што на никого до сега не му текнало да ја спроведе стратегијата за привлекување навивачи на рускиот хокеј тим Металург Магнитогорск.
Во петокот на 83-годишна возраст почина Умберто Панини, креаторот на познатите сликички кои го одбележаа нашето детство. Тој беше последниот жив од четворицата браќа Панини. Четворицата „крадци" кои со нивните албуми ни го украдоа детството.
Ова беше коло со многу дерби натпревари кои допринесоа да се зголеми квалитетот на натпреварите и да се игра во појачан ритам се до последната минута од натпреварот.
Сигурно не ви се веруваше кога прочитавте дека Рајан Гигс полни 40 години затоа што тој се уште игра како во најдобрите денови и нема намера да се пензионира. Има и уште други вакви дедовци во спортот.
Новата британската министерка за спорт ја фатија на препад. И поставија пет прашања поврзани за спорт, помеѓу кои и за името на шампионката на Вимблдон и освојувачот на ФА Купот, а таа не знаеше ниту еден одговор.
Не знаеме дали ова е дел од тактиката на колеџ тимот од Флорида за да се збуни противникот или па овие двајца играчи само сакаа да си се изгушкаат, но во секој случај оваа постапка е погрешна.
Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.
Светскиот снукер шампион, Рони (Ракетата) О'Саливен тврди дека снукерот му сметал во пијанчењето и дрогирањето и едвај чекал да завршат првенствата за да може да се направи „крш".
Голманот на Калгари Флејмс, Рето Бера на натпреварот против Колумбус изведе една од најдобрите одбрани кои сме ги виделе на хокеј терен во стил на фудбалер-голгетер со удар со ножички.
Познатата американска компанија за продажба на спортка опрема "Foot Locker" сними одлична реклама во која Карји Ирвинг од Кливленд си го замислува совршениот свет каде помеѓу другото Мајк Тајсон му го врати увото на Ивандер Холифилд, а Денис Родман го испратија во Северна Кореја и тоа во еден правец.
Себастијан Фетел постави нов рекорд со осум победи во серија, но со нов рекорд од патеката во САД можат да се пофалат и механичарите од Ред Бул и неговиот тимски колега Марк Вебер. Новиот рекорд за најбрза промена на гуми е 1.923 секунди.
Викендов се одржа Гранд при трката во Макао на која Дидие Грамс заврши на осмата позиција, но за нас најважно е што тој монтирал камера на својот мотор и сака да ни сврти едно кругче околу патеката. Фулскрин и уживајте.