Сем Тагесон е 18-годишен навивач на хокеј клубот Сан Хозе Шаркс кој цел живот има проблеми со срцето. Неговиот омилен клуб му исполни еден животен сон.
Сем потпиша еднодневен договор со Сан Хозе и имаше шанса да се запознае и тренира со своите миленици, а беше и дел од тимот при официјалното претставувањето пред почетокот на натпревар.