БЛ 14-то коло (трет ден)

SISTINA доминантни против Оилко

Завршија возбудувањата од 14-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

АМСМ нагази во второ полувреме против МЕПСО
АМСМ 5-1 (1-0) МЕПСО
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 19', 31', 34', Мартин Фотевски 31', Филип Вељановски 37'
МЕПСО: Борис Трајковски 29'
Во првото полувреме се играше доста брз и отворен фудбал со доста изгледни шанси за гол кои најчесто завршуваа крај голот. И двете екипи иако имаа одлично изработени акции не можеа да постигнат погодок. Пред самиот крај на полувремето АМСМ го скрши ледот и отиде на полувремето со 1-0. Во второто полувреме се чини како АМСМ да влезе во посакуваната форма, ги поврза своите редови во нападот и стигна до убедлива победа на овој натпревар од 5-1.

Општина Карпош 0-3 (сл.) Arcelor Mittal

SISTINA доминантни против Оилко
SISTINA 5-0 (2-0) Оилко
SISTINA: Александар Јаневски 4', 28', Игор Ѓорѓиевски 10', Даниел Боневски 38', Цветанчо Трајковски 40'
Оилко: /
Првото полувреме екипата на SISTINA одлично го контролираше, особено во делот на нападот, каде што имаа апсолутна доминација, додека пак Оилко преку контранапади се обидуваше да дојде до гол. SISTINA замина на полувремето со водство од 2 гола. Во второто полувреме екипата на SISTINA со гол продолжи во ист ритам, со што чекореше сигурно кон победата. Мора да напоменеме дека екипата на Оилко пропушти неколку стопроцентни шанси за гол и со ваквата реализација не можеа да очекуваат подобар исход во овој натпревар. Натпреварот заврши со 5-0.

27 март 2014 - 09:00