ЕВН тактички до победа над Оилко
ЕВН 4-2 (3-2) Оилко
ЕВН: Патрик Караѓуле 2', Бојан Маџовски 4', 25', Благој Кулев 17'
Оилко: Александар Крстевски 3', Сашо Крстев 18'
Исклучително изедначено прво полувреме во кое и двете екипи повеќе акцент ставија на нападот. Играа доста течно и лесно доаѓаа до шанса за гол, што може да се види по резултатот на полувремето (3-2). Во второто полувреме и двете екипи значително ја подобрија играта во одбраната, пред се екипата на ЕВН која успеа да не прими гол, што резултираше со победа на овој натпревар од 4-2.
Arcelor Mittal за победа мораше да го помине техничкиот на АМСМ
АМСМ 4-7 (3-2) Arcelor Mittal
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 5', Мартин Фотевски 11', 25', Филип Вељановски 15'
Arcelor Mittal: Александар Зотиќ 5', 27', Љупчо Шегмановиќ 12', 27', Методија Мијовски 26', 37', Жарко Ивановски 32'
Бевме сведоци на две дијаметрално спротивни полувремиња. Ако АМСМ играше перфектно добро во првото полувреме, во второто полувреме брилијантна претстава на Arcelor Mittal. Екипата на АМСМ во второто полувреме внесе во своите редови голман играч, Arcelor Mittal тоа вешто го искористи, казнувајќи го секое погрешно додавање, со што дојде до победа од 4-7.
SISTINA не го издржа притисокот на Eurolink
Eurolink 5-4 (2-2) SISTINA
Eurolink: Јовче Зузаровски 12', 23', 39', Јорданчо Димиџиевски 13', Никола Костовски 24'
SISTINA: Даниел Боневски 2', 19', 25', 30'
Исклучително израмнето прво полувреме во кое и двете екипи играа брз и отворен фудбал. Ниедна екипа не успеа да оствари предност, па така со 2-2 се замина на полувремето. На самиот старт од второто полувреме Eurolink стекна предност од 2 гола, но не за долго. Екипата на SISTINA преку Даниел Боневски со 2 постигнати погодоци се врати во натпреварот. Но, немаше сили за целосен пресврт бидејќи Eurolink ја зеде работата во свои раце и ја победи SISTINA со 5-4.