Нико Розберг имаше одличен старт на трката за големата награда на Австралија кога го претекна клупскиот колега Хамилтон и ја освои лидерската позиција која ја зачува до крајот.
Актуелниот шампион Себастијан Фетел заради проблеми со моторот, трката ја заврши уште во четвртиот круг, а во третиот круг се откажа и Луис Хамилтон кој тргна од пол-позицијата.
Розберг триумфираше со 1:32:58.710 часа пред изненадувањето од Ред Бул, Даниел Рикијардо и Кевин Магнусен од Мекларен за кого ова беше дебитантска трка.
ГН НА АВСТРАЛИЈА:
Нико Розберг (Мерцедес) 1:32:58.710
Даниел Рикијрдо (Ред Бул) +24.5 секунди
Кевин Магнусен (Мекларен-Мерцедес) +26.7
Џенсон Батон (Мекларен-Мерцедес) +30.0
Фернандо Алонсо (Феррари) +35.2
Валтери Ботас (Вилијамс-Мерцедес) +47.6
...
Конструктори:
Мекклрен-Мерцедес 27
Мерцедес 25
Ред Бул 18
Ферари 14
Вилијамс-Мерцедес 8