Разно

Најубавите насловни на Playboy со спортистки

Основачот на Плејбој почина синоќа на 91-годишна возраст а во знак на негово сеќавање избравме 12 најдобри насловници од магазинот на Хеф со спортистки.

Новиот Adidas Neo стил на градските улици

Долгорочната удобност, спортскиот и лежерен изглед, современиот и ненаметлив дизајн на моделите од новата adidas NEO и оваа сезона е добитна комбинација за кул дечките и девојки.

Олимписки шампион собира пари да учествува на Олимписки Игри 2018

Веќе неколку години сосема солидно функционира пред-олимпискиот краудфандинг на кој многу талентирани спортисти и идни Олимпијци собираат средства за скапите подготовки за едни Олимписки Игри. Пари собира и поранешен Олимписки шампион.

Тениските линиски судии ќе станат технолошки вишок

На тенискиот турнир „NextGen“ кој ќе се одржи во ноември во Милано, ќе бидат тестирани нови правила кои се планирани да се воведат и на АТП натпреварите. Ова може да биде почеток на револуционерни промени во тенисот.

Невиден тренинг од шведски скијач

Андре Ригети е 19-годишен шведски фристајл-скијач којшто настапува на турнирите по слободен стил ширум светот. Во време на тренинг пробува невозможни нешта како на пример ова:

Деца-борци во ММА клуб во Кина ја поделија земјата

„Тука ми е убаво: имам за јадење, ме облекуваат, ме тренираат, чисто е и имам другари. Не сакам да си одам“, вели едно од многуте деца-борци во еден ММА клуб во Кина кој ја шокирал јавноста во оваа земја.

Тим Данкан собра 13.000 донатори за погодените од ураганот Ирма

Поранешната ѕвезда на Сан Антонио Спарс осетил на своја кожа како е да се бега од ваква елементарна непогода и овие денови е главен иницијатор во собирање пари за луѓето од неговиот остров.

Од 957-ма на светот до победничка на Гренд Слем

Само 69 дена откако се врати од 11-месечна пауза поради повреда и шест недели откако рејтингот ѝ падна на 957 место, Слоан Стивенс направи чудо и го освои првиот Гренд Слем во кариерата.

Што сè има најдобриот стадион на светот кој чини 1,6 милијарди долари

Наместо да се мислите дали да одите на шопинг, на ручек, на пиво, на билијард или да прошетате додека игра вашиот омилен клуб, сето тоа може да го направите и во исто време да го гледате омилениот клуб. Вселенски стадион во Атланта нуди такво нешто.

Вие плетете и јадете попара, јас ќе пливам на 103 години

Миеко Нагаока прави работи кои многу луѓе не ги прават со половина од нејзините години. Родена е во 1914-та само неколку дена по стартот на првата светска војна и кога ќе ја видите што прави и какви амбиции има ќе ви падне глупо ако не спортувате ништо.

Ве поздрави Рикардињо со голов

Не дека он него се очекуваат нормални голови, ама па како си се намести како рабона ударот да е најобична и најлесна работа во фудбалот. Интер Мовистар - Елпоцо Мурсија конечни 5:2 во шпанскиот Супер Куп. Одиме со моментот на мечот.

Дилемите на еден Босанец

Пред почетокот на натпреварот Турција- Хрватска, жена му го прашува дали од таван да му ја донесе униформата на дедо му или онаа на прадедо му.

Најубав спомен од детството

Се сеќаваш ли кога единствен проблем во животот ти беше ова?

Слеп играч дебитираше во американски фудбал

Една од најубавите вести на почетокот на сезоната доаѓа од универзитетот Јужна Калифорнија кој играше против Западен Мичиген. За домашната екипа дебитираше слепиот играч Џејк Олсон којшто игра на позицијата лонгснепер.

Олимпијадата е рак за посиромашните нации

Се потрошија неколку милијарди, се отселија 77.206 лица од Рио, загинаа 11 градежни работници се со цел да го одржат најмасовниот спортски спектакл во светот со над 11.000 спортисти од 205 земји. А сметката за струја сега кој ќе ја плати на Маракана? Изнесува 939.937 долари. Да е само во тоа проблемот. Рио 2016 и 2017 нема везе едно со друго. И Грците тоа го знаат.

Меџик Џонсон и Самуел Џексон ги помешале со имигранти во Италија

Илјадници корисници на социјалните мрежи сериозно сфатиле еден трол на познатата манекенка Нина Мориќ на Фејсбук која што навлече дури и политичари да коментираат лошо за мигрантите.

Кој е малиот Зверев кој го растури Федерер во финалето

Пред осум дена Washington Post напиша повеќе редови за предводникот на плејадата талентирани млади тенисери кои полека ќе ја заменуваат старата гарда која од друга страна не го пушта стисокот врз овој спорт.

Неславен крај на кариерата, Болт остана без медал во последната трка

Едно е сигурно, појавата на Усеин Болт ќе фали во светот на спортот. Јамајканецот неславно ја заврши кариерата откако вечерва во финалето на Светското првенство во Лондон 2017 на штафетната трка се повреди и не го заврши натпреварувањето.

„Coca-Cola Активна зона“ и за Гостиварци

„Coca-Cola Активните зони“ се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а истите се сочинети од 6 најсовремени професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, 24 часа на ден.

Volkswagen дел од UEFA EURO 2020™ како партнер за мобилност на UEFA

Во продолжение на долгогодишната фудбалска традиција, Volkswagen склучи четиригодишен договор со UEFA и со тоа станува официјален партнер за мобилност за сите национални натпревари на UEFA. Компанијата, исто така ќе овозможи поддршка на UEFA Европското Првенство во 2020, кое за прв пат ќе се одржува во 13 земји по повод 60 годишнината од почетокот на ова натпреварување.

УЕФА изрази благодарност до Македонија и ФФМ за гостопримството и организацијата на Супер купот

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин изрази отворена благодарност и до ФФМ за максималната кооперативност, комплетното вложување за успешна организација на настанот, со убеденост дека утре сите заедно ќе присуствуваат на вистински фудбалски спектакл.

Калински и Болт за последен пат

Преносот од градското дерби меѓу Атлетико и Реал не беше последното уживање со легендарниот Златко Калински. Неговиот магичен глас, створен за спортско коментирање имавме привилегија да го чуеме и доцна синоќа. Го коментираше финалето на 100 метри на СП во Лондон, кое за жал не мина во знакот на Усеин Болт. Тој заврши трет и најави дека по ова Светско атлетско првенство заминува во пензија. А сега претворете се во уши. 6 минути емотивен и поетски опис за најдобриот на сите времиња и одлепување од микрофонот со солзи.

Тајната на Светскиот рекорд на Болт на 100 метри

Лондон ќе биде домаќин na 16-то Светско првенство во атлетика во периодот од 4-ти до 13-ти август, каде ќе го гледаме последниот спринт на Усеин Болт кој потоа најави пензија. Легендарниот Јамајканец има 11 златни медали од СП и 8 златни медали од ОИ и сè уште е актуелен неговиот рекорд на 100 метри кои на Мундијалот во Берлин ги истрча за 9,58 секунди. Гледајте ја внимателно разликата меѓу него и Тајсон Геј. Еуроспорт подготви одлично аналитично видео за кралот на оваа атрактивна трка.

Куманово доби спортско-рекреативна зона од Пивара Скопје и Coca-Cola

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е започнат во 2012 година и е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola за промоција на активниот начин на живот.