Во дожд од голови Уника поуспешна од Гранит

Фабрика Карпош и Џонсон Мети со победи го заокружија последниот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕВН со удари од далечина до победа над Уни Банка

Уни Банка 2-4(1-2) ЕВН

Уни Банка: Васил Митровски 13’ Владислав Хаџидинев 29’

ЕВН: Бојан Симоновски 11’ 19’ 32’ Ајет Новобрдарија 29’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Уни Банка и ЕВН, двете екипи доста предпазливо го започнаа овој натпревар концентрирајќи се повеќе на својот гол одколку на противничкиот. Кон средината на полувремето двете екипи започнаа со нешто поофанзивна игра што даде резултат. Екипата на Евн во 11та минута го отвори резултатот, но само две минути подоцна екиапта на Уни Банка успеа да изедначи на 1-1. До крајот на полувремето видовме уште еден погодок кај екипата на ЕВН која преку Симоноски со одличен удар од далечина успеа да дојде до поволен резултат на полувремето од 1-2. Во второто полувремевидовме доста поинтересен фудбал двата тима го подигнаа своето темпо на игра и тргнаа со полна сила кон противничкиот гол со многу шанси, воиграни акции и одлични удари од далечина. Во таквата отворена игра поснаодлива беше екипата на ЕВН и до крајот на натпреварот успеа да го задржи водството од првото полувреме за победа со резултат од 2-4.

Во дожд од голови Уника поуспешна од Гранит

Уника 12-9(6-3) Гранит

Уника: Арбен Нухиу 2’ 10’ 35’ 38’ Шабан Чупи 5’ Љуљзим Каштањева 6’ 37’ Ибиш Мисини 11’ Васко Кокаланов 17’ Бесими Нухиу 32’ 39’ 40’

Гранит:Дарко Стојановски 13’ 19’ Сашо Каровски 18’ 23’ 25’ Кристијан Крстевски 21’ 34’ Пепи Мицев 27’ 37’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Уника и Гранит одмина во висок ритам и со многу голови. Екипата на Уника беше таа што наметна иницијатива и своите шанси за погодок ги реализира, до средината на полувремето имаше стекнато солидна предност. Екипата на Гранит не се предаваше лесно, смогна сили постигна 3 погодоци и успеа да го намали водството на Уника на 6-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија со жестоко темпо на игра и редеа шанси од минута во минута. Таквата бркотница на теренот успеа да ја искористи екипата на Гранит која направи целосен резултатски пресврт. Сепак екипата на Уника во 35та минута успеа да постигне гол за изедначување и со тоа натпреварот да влезе во неизвесна завршница. Во последните минути од натпреварот екипата на Уника искористи пад во кондицијата на Гранит и со 3 брзи голови го доби овој натпревар со 12-9.

23 февруари 2018 - 10:57