Веста за препливањето на Охридското езеро на Марко Пејчиновски во август 2018-та одекна силно и тој се стекна со статус на супер херој.
Го направи тоа на јуначки начин, со 12 години и со направена операција на тестиси по која доби инфаркт на колкот. Плус на бранови од кои вели дека не можел да стави ништо во уста за да добие енергија.
Се качи само еднаш во кајче на една минута за да јаде набрзина и се врати во езеро. Со други зборови ова момче беше сензација во маратонското пливање.
Легендарниот пливач Дики Бојаџи тогаш изјави дека Марко ни одржа спортска лекција на сите и ни покажа како треба да се користи езерото.
Три години подоцна, сега 15 годишниот Марко со нов импресивен подвиг.
Тогаш од Св.Наум до Охрид за 8 часа и 45 минути, а сега во обратен правец за 7 часа и 15 минути, што значи личниот рекорд си го подобрил за дури еден час и половина. Каков мангуп.
Делницата долга 30 километри овој пат ја преплива по повод празникот Св.Наум.
Неговиот тим ги корегираше медиумите кои објавија дека езерото го препливал за нешто повеќе од 14 часа.