До титула без пораз на целото првенство Србија ја предводеше Александар Атанасијевиќ кој во финалето имаше 22 поени. Двоцифрени беа уште и МВП-то на финалето Урош Ковачевиќ со 20 поени од кои неколку беа маестрални, како и Немања Петриќ со 12 и Среќко Лисинац со 11 поени.
Кај Словенците кој најтешкиот пораз во групната фаза го имаа од Македонија, најефикасен беше Клемен Чебуљ со 15 поени, Ален Пајенк со 12 и Тине Урнаут со 10 поени.
ZAKUCANA TITULA!!!
— OSSRB (@ossrb) September 29, 2019
Mi smo suvereni vladari odbojkaške Evrope!
Nakon odbojkašica, i naši odbojkaši su se ovenčali titulom Evropskih šampiona pobedom u finalu #EuroVolleyM nad Slovenijom od 3:1! 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 pic.twitter.com/2kNKYY3Wof
Интересно, Србите вторпат во историјата ги обединуваат титулите европски шампиони во машка и во женска категорија (одбојкарките на Србија пред еден месец станаа прваци на континентот откако ја совладаа Турција во финале среде Истанбул).
Zauvek šampioni! ❤️ pic.twitter.com/ol7NoUMGio
— OSSRB (@ossrb) September 29, 2019
Словенија го доби првиот сет релативно лестно со 25-19 и околу 4.000 Словенци во преубавата сала во Берси во Париз се понадеваа дека можат до златото.
Но од друга страна на мрежата „змајчеки“ имаа инспириран и мотивиран противник кој две вечери претходно на истото место ја доби Франција пред 14.000 противнички навивачи.
Србија тргна концентрирано во вториот сет, сервисот функционираше далеку подобро и израмнија на 1-1 (25-16). Веќе во третиот сет се почуствува поголемата желба за триумф кај „орлите“ кои издоминираа и направија целосен пресврт (25-18) за 2-1 во сетови.
Четвртиот сет почна онака како што заврши третиот, со гранитна одбрана на избраниците на Слободан Боба Ковач, па Србија брзо стекна голема предност која што не ја испушти до крај (25-19).
Ова е трето европско злато за Србија (2001, 2011 и 2019). Имаат уште 1 сребро (1997) и 8 бронзени медали од Европските првенства (1975, 1979, 1995, 1999, 2005, 2007, 2013 и 2017).
Конечниот пласман на штотуку завршеното Европско кое се играше во Франција, Словенија, Белгија и Холандија:
1. Србија
2. Словенија
3. Полска
4. Франција
5. Русија
6. Италија
7. Украина
8. Германија
9. Белгија
10. Холандија
11. Бугарија
12. Турција
13. Чешка
14. Финска
15. Шпанија
16. Грција
17. Македонија
18. Црна Гора
19. Словачка
20. Португалија
21. Романија
22. Белорусија
23. Австрија
24. Естонија