Седумкратниот освојувач на Вимблдон направи спектакл во босанскиот град Високо, каде играше егзибициски натпревари, пет дена по финалната битка против Кирјос.
Ѓоковиќ заедно со фондацијата „Босанска пирамида Сунца“ отворија тениски комлекс, а партнери на проектот им се Олимпискиот комитет и тениската федерација на БиХ.
На манифестацијата беа и словенечкиот тенисер Аљаж Беден, Хрватот Иван Додиг и Босанецот Алдин Шеткиќ.
Домаќинот на церемонијата, Семир Османагиќ рече дека тениските терени претходно ги отвориле најмладите тенисери од Италија, БиХ, Србија и Македонија и дека фокусот дефинитивно треба да биде на нив, бидејќи светот почива на младите.
Ѓоковиќ го крсти името на комплексот „Регионален центар за развој на тенисери“, а настанот го следеа 70 медиумски куќи од повеќе земји.
Градот одлучи да го прогласи Новак за почесен граѓанин на Високо.