Во арената „Шам де мар“ во Париз, Бразилецот Гиљерме Шмит ја оправда фаворитската улога и го елиминираше нашиот претставник Еди Шерифовски.
Шмит славеше со 11:0, односно со ипон.
Се работи за светски шампион во џудо кој има големо реноме и успеси на големи натпреварувања.
Во осминафиналето Бразилецот ќе се соочи со подобриот од дуелот Антонио Еспозито (Италија) – Валентин Хуинато (Бенин).
Шерифовски е третиот македонски олимпиец кој го имаше својот настап во Париз, по Никола Ѓуретановиќ во пливање и Анастасија Мојсовска во стрелаштво.
До крајот на Летните Олимписки игри треба да настапат уште тројца.
На 8 август ќе навиваме за Милијана Рељиќ (теквондо, категорија до 57 килограми) и Владимир Егоров (борење во слободен стил, категорија до 57 килограми), а на 10 август за Дарио Ивановски (атлетика, маратон).