Ова ќе биде 81. издание на повеќедневната трка Вуелта која ќе трае од 22 август до 13 септември и ќе вклучува 21 етапа во должина од 3.275 километри!
Вуелта ќе стартува во Монако со индивидуална трка со разделен старт после што маршрутата ќе помине низ Франција, Андора и Шпанија. Меѓу градовите и регионите каде ќе „веслаат“ велосипедистите се: Маноск, Фон-Роме, Андора ла Веља, Кастељон, Валенсија, Аликанте, Картахена, Мурсија, Кордова, Севиља, Херес де ла Фронтера, Малага и Гранада.
Финалната крајна етапа е во Гранада.
Уште една голема промена е што трката Ла Вуелта 2026 ќе заврши во Гранада при што Андалузија е во прв план а не во Мадрид. Таков случај беше во 2025-та по стартот на трката во Пиемонте (Италија), а сега Франција ќе послужи како нишка меѓу стартното место и Иберискиот полуостров.
Ова не е нова појава, туку трета година по ред се случува една од трите големи трки (Grand Tours) да се шири низ други земји.
Маршрутата „Вуелта Шпанија“ 2026 вклучува 6 планински, 4 средно-планински, 4 рамничарски и 4 ридски етапи.
На тркачите ќе им претстои да поминат повеќе од 58.000 метри надморска висина што ја прави маршрурата една од најтешките во историјата на велосипедските трки.
На Веулта Шпанија ќе возат најсилните екипи од светскиот велоспорт: UAE Team Emirates XRG, Team Visma | Lease a Bike, INEOS Grenadiers, Lidl-Trek, Red Bull-Bora-Hansgrohe, Movistar Team, Soudal Quick-Step, Alpecin-Premier Tech, Decathlon-CMA CGM, EF Education-EasyPost.
Вкупно 24 екипи.
Ла Вуелта 2026 почнува со мошне техничко возење низ Монако, на рута која ќе се одвива во целост внатре во Кнежевството а таму велосипедистите ги очекува брза етапа во која нијанси ќе одлучуваат кој ќе стане прв лидер на трката.
ТАДЕЈ ПОГАЧАР СЕ ВРАЌА НА ВУЕЛТА ПОСЛЕ 7 ГОДИНИ!
Најдобриот велосипедист на светот и еден од најголемите на сите времиња, Словенецот Тадеј Погачар досега интересно само еднаш се појави на шпанскиот Гранд Тур и тоа во 2019-та тогаш како 20-годишен дебитант на светска сцена.
Погачар тогаш го шокираше велосипедскиот свет откако победи на три планински етапи, ја доби белата маичка како најдобар млад велосипедист на Вуелта и заврши трет на крајот на подимот зад неговиот голем другар и сонародник Примож Роглиќ.
Сега на 27 години Погачар доаѓа на Ла Вуелта како светски доминатор во велосипедизмот со дури шест шампионски Гранд Тур титули (пет Тур де Франс и една на Џиро д'Италија) и со два шампионски појаси од Светските првенства.
Доколку Тадеј Погачар ја оправда фаворитската улога и слави на Ла Вуелта, тоа ќе биде негова седма титула на Гранд Тур и ќе стане деветти велосипедист во историјата што славел на сите три најголеми европски трки. Ќе им се придружи на: Еди Меркс, Бернар Хино, Жак Анкетил, Алберто Контадор, Крис Фрум, Фелис Жимонди, Јонас Вингегард и Винченцо Нибали.
Словенецот минатиот месец славеше на Тур де Франс со дури шест ипол минути пред вториот и се очекува доминацијата да ја продолжи и сега на Ла Вуелта која ќе трае три недели.
Последен пат Погачар не заврши прв низ целта на Гран Тур во 2023-та година и се надева дека ќе стане втор велосипедист што славел и на Тур де Франс и на Ла Вуелта во иста сезона после Крис Фрум во 2017-та.
ЌЕ ОТСУСТВУВА НАЈГОЛЕМИОТ РИВАЛ НА ПОГАЧАР
Стариот добар ривал на Тадеј, Јонас Вингегард кој тешко се повреди на Тур де Франс. 29-годишниот Данец доживеа тежок пад на 15-та етапа во Франција и ја повреди клучната коска и рамото на 21 километар пред целта.
Вингегард бил опериран и го чека долга пауза па ќе ги пропушти сите преостанати трки во 2026-та.
Инцидентот се случи на рамен дел од патеката каде неколку возачи изгубија контрола на една кривина. По повлекувањето на Вингегард, неговиот најголем ривал Тадеј Погачар одлучи да не ја напаѓа етапната победа. Словенецот покажа огромна спортска почит и одби да слави во денот кога неговиот ривал настрада. Етапниот триумф на крајот му припадна на Белгијанецот Ремко Евенепул по силен завршен спринт.