Пред три години Дастин Педроја го пропушти „Ол стар" натпреварот заради раѓањето на неговото прво дете, а заради раѓањето на второто дете победна од натпреварот против ривалите од Њујорк.
Неговата сопруга се наоѓала на трибините кога ги добила породилните болки и била одведена во болница. Челниците на клубот го известиле тренерот на Ред Сокс, а тој информацијата му ја пренел на Педроја кој веднаш го напуштил теренот.