Во петтата етапа еден од гледачите тргнал да снима и слика од поблизу на самата патека па направи хаос во кој намногу настрадаа Италијанецот Даниел Ос и Австирецот Микаел Гогл, и двајцата со скршеници.
Sector 3 chute spectateurs @TeamTotalEnrg @Daniel87Oss pic.twitter.com/dkExu8NNwl
— Victor Loy (@LoyVictor) July 6, 2022
Летово се случија неколку тешки инциденти на велосипедските трки. Во Италија пред две недели загина спортски директор на еден тим a пред еден месец Колумбиецот Луис Карлос Чиа кој беше најбрз на трката А Вуелта низ Колумбија, со огромна брзина на целта ја соборил својата жена за време на прославата на победата со раце во воздух.
Сопругата се обидела да го слика одблизу и настрадала: