Неколку олимписки пливачи се пожалиле на повраќање и дијареа откако пливале во Сена летово. Германски пливачи се разболеле а иако не се објавија нивните имиња, германската пливачка Леони Бек на друштвените мрежи ја откри нејзината состојба: „Повраќав 9 пати вчера + дијареа. Водата во Сена е испитана.“, саркастично пишала Бек. За среќа сите тројца пливачи од Германија подоцна биле подобри и се вратиле дома.
„Две германски пливачки во отворена вода беа примени во петокот за наузеа, повраќање и дијареа. Тие се чувствуваат подобро утрово. Друг пливач со слични симптими во моментов се третира од германскиот лекарски тим“, стои во соопштението на Германскиот олимписки комитет.
Организаторите на Олимписките Игри и Светската пливачка федерација која е главна за пливање на отворени води претходно објавуваа тестови од квалитетот на водата и наводно ги исполниле потребните безбедносни критериуми.
Имало план пливачкиот маратон и натпреварите во кану да се префрлат во Олимпискиот базен ако тестовите покажат присуство на бактерии.
Пливањето е инаку забрането во Сена веќе повеќе од 1 век поради тоа што била докажано загадена. И покрај тоа, организаторите на ЛОИ2024 се решиле за масовно чистење но пак се пишуваше дека некои тестови покажале присуство на опасни бактерии.
Вкупно 53 пливачи (29 мажи и 24 жени) се натпреварувале во турнирите на отворени води, а повеќето од нив рекле дека немале проблем со (не)честитата вода. Златната медалистка Шарон ван Рувендал од Холандија рекла дека таа дури и се напила неколку голтки од водата во реката додека пливала. „Беше студена, беше добра“.
Даниел Вифен, пак, од Република Ирска која освои олимписко злато на 800 метри слободен стил претходно, а сега пливал на трката на отворени води, рекол дека воопшто не е загрижен од натписите кои зборувале за силно присуство на бактеријата Е. коли во река Сена и додал дека е комплетна лага и дека во нормален базен има поголемо присуство на оваа бактерија.