Јоханес Клебо го освои 10-то јубилејно олимписко злато!

Неверојатниот норвешки крос-кантри скијач Јонахес Клебо уште еднаш влезе во историските олимписки учебници откако на ЗОИ 2026 во Милано и Кортина денес со својот тимски колега Аинар Хедегарт го освои златото во екипниот спринт (6х1,6км) со што стигна до бројката од десет златни одличја од Олимписките Игри, подвиг каков што немал никој досега.

Јоханес Клебо во Италија освои златни медали во индивидуалните трки и во штафетата а сега ја збогати својата колекција со уште еден медал. 

Денес со неговиот репрезентативен колега Аинар Хедегар ја минаа целта за 18.28,9 минути. Втори зад нив заврши дуото од САД Бен Огден и Гус Шумахер со 1,4 минути заостанување, а трети до бронзен медал стигнаа Италијанците Елиа Барп и Федерико Пелегрино со 3,3 минути заостаток.

Клебо има 29 години и важи за еден од најуспешните зимски олимпикци на сите времиња. Севкупно, од Летни олимписки игри најтрофеен е Американецот Мајкл Фелпс кој освои дури 23 злата.

Норвежанецот Клебо со денешното 10. јубилејно злато од Олимписки Игри ги надмина Лариса Латинина која од уметничко лизгање на ЗОИ освоила дури 9 златни медали, а ги помина уште и атлетичарите Карл Луис и Паво Нурми, пливачите Калеб Дресел, Марк Спитц и Кети Ледеки кои имаат исто по 9 злата од Олимписки Игри.

Интересно Клебо во сабота ќе се натпреварува и на 50-километарската трка каде ќе се обиде да го урне рекордот на Ерик Хајден кој има освоено 10 златни медали на Зимски олимписки игри.

18 февруари 2026 - 14:25