
Доволно е иронично што после сите сензации кои ги направија во првите два круга на Вимблдон, во полуфинале кај мажите нема ниту еден дебитант во сингл, а кај жените малку кој очекуваше во топ4 да стигне Швајцарката Белинда Бенчиќ.
Не затоа што таа нема искуство и не е класа тенисерка, напротив. Белинда уште од пред 10 години е во кругот на одлични тенисерки, а во летото 2015-та важеше за сензација каква што е сега младата 18-годишна Русинка Мира Андреева, талент со огромен потенцијал.
Тогаш 18-годишната Швајцарка со потекло од овие простори која кога имала 6 години ренирала со мајка и на Мартина Хингис, го освои турнирот Премиер во Торонто а на патот до пехарот совлада дури четири ривалки од Топ-6 во тоа време вклучувајќи ја и Серена Вилијамс.
Во следната сезона Бенчиќ на свои 18-19 години велзе во Топ10 а после две години стигна до првото полуфинале на Грен Слем и тоа на Отвореното првенство на САД 2019. До коронавирусот и глобалното затворање Белинда Бенчиќ за првпат се најде во Топ-5 а наскоро и сензационално го освои златото на Олимписки Игри.
Во принцип нејзината кариера би била крајно успешна ако тогаш ја завршела. Но тоа беше само прва епизода.
Во 2023-та година Белинда Бенчиќ за првпат после цели четири години освои повеќе од една титула во сезона и се врати во Топ-10.
На крајот на сезоната 2022/2023 таа и нејзиниот долгогодишен партнер, фитнес тренерот Мартин Хромковиќ соопштиле дека чекаат дете. Во април 2024 направиле свадба и во истиот месец се родила Бела.
Бенчиќ раскажала дека таа планирала еден ден да му се врати на тенисот после бременоста и раѓањето. Не ставила конкретен датум зошто не знаела како ќе се чувстува физички и ментално. Но веќе на почеток од летото почнала да тренира.
Прво работела со татко и Иван Бенчиќ кој долги години и беше тренер во турот, а потоа ја обновила соработката со својот втор тренер Јан Хјуз.
На почеток тренинзите и биле многу тешки и таа вели дека се спремала за тоа дека враќањето ќе биде тешко. Процесот одел паралелно со мајчинското доење и таа внимавала да не направи некаков проблем.
После три-четири месеци фатила одличен ритам и прогресот бил добар. На првите турнири се појавила истата есен и победила 3 од 8 дуели.
На Отвореното првенство на Австралија стигна дури до осминафинале каде изгуби од Коко Гауф. А во претходното коло ја совлада Наоми Осака (Јапонката предаде после првиот сет).
Одличниот настап во Мелбурн и дал оптимизам и сфатила дека ќе треба да работи само на физичка форма (во втората недела од Отвореното првенство на Австралија била веќе без сили).
Првата титула ја освои во Абу Даби, на само два месеци по враќањето во ВТА кога го крена првиот пехар во улога на мајка.
После Абу Даби ја започнала годината во Топ-500, па во Топ-100 и близу првиот роденден на Бела, пред турнирот во Мадрид се вратила во Топ-50 што е огромен успех. За пола година во турот по пораѓањето, Белинда Бенчиќ победила два пати повеќе натпревари отколку што загубила (26-10). Осум пати победила противничка од Топ-20 (три од нив биле од Топ-10).
Со сензационалниот пласман во полуфинале на Вимблдон се враќа во Топ-20 а намерата и е да продолжи со успешните настапи.
„Многу сум горда на себе. Претходно ретко зборував такви работи за себе, но после раѓањето на Бела секој ден го викам тоа“, искрено рекла Белинда Бенчиќ.
Во полуфинале сега ја чека сјајната Ига Швјонтек. Во случај да победи Белинда Бенчиќ може да стане првата тенисерка после Ким Клајстерс која станала мама-шампионка на Грен Слем.