Ѓоковиќ жестоко исвиркан од англиски навивачи, им одговори

Србија маестрално тргна во поход на пехарот во Дејвис Купот, тениското светско првенство откако вчера со 2-0 ја победи Велика Британија и се пласираше во полуфиналето. Прво Кецмановиќ го совлада Џек Дрејпер 7:6, 7:6 а после Ѓоковиќ со 6:4, 6:4 беше подобар од Камерон Нори.

Англиските навивачи после натпреварот го исвиркуваа Ѓоковиќ додека даваше интервју, го провоцираа и чукаа со тапани. 

Британските навивачи му довикувале и во текот на размена на удари што посебно го иритирало српскиот тенисер кој знаеше да им одговори:

„Научете како да ги почитувате играчите, како да ги почитувате играчите, не ти замолкни, ти биди потивок“, им викаше Ѓоковиќ на англиските навивачи: 

„Низ текот на целиот меч се случуваше тоа. Тоа е непочит, но тоа е нешто на што би требало да бидам спремен на Дејвис Купот. Нормално е некогаш навивачите да преминат граница, но во моментот и ти реагираш исто и покажуваш дека не дозволуваш такво однесување. Можат да прават што сакаат но јас ќе реагирам на тоа. Кој и да беше тука, виде, се обидував за разговарам со нив, па почнаа намерно да удираат во тапаните кога се обидов да дадам интервју, ме нервираа цел натпревар но на крај имавме и мал „муабет“, рекол Ѓоковиќ.

Србија сега ја чека голем мегдан со Италија во полуфинале а во сабота Новак ќе отвори со Јаник Синер, најдобриот италијански тенисер и 4-ти играч на светот кој го победи еднаш Ѓоковиќ на завршниот Мастерс во Торино. 

Новак Ѓоковиќ во меѓувреме продолжи да поставува рекорди кога и да излезе на теренот. Србинот нема пораз на 21 меч по ред во Дејвис Купот уште од 2011-та година. Со оваа победа стигна до 44. триумф во Дејвис Куп и сега е рекордер на Србија по број на победи во овој турнир.

24 ноември 2023 - 09:38