Ѓоковиќ за Меси: „Првпат ме гледаше во живо, му се восхитувам“

Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале на Мастерсот 1000 во Мајами откако го совлада Григор Димитров со 2-0, 6:2, 6:3 во сетови. Ноле во финалето ќе го чека младата чешка сензација Јан Меншик кој пред пет месеци наполнил 19 години и кој го совлада домашниот тенисер од САД Тејлор Фритц во полуфиналето. Дуелот Ѓоковиќ - Димитров од ложата го следел Лионел Меси а после мечот се сретнале во соблекувалните и си размениле дресови.

Epa images
Epa images
Epa images

„Сигурно дека ми е мило што беше тука и што играв пред него, му се восхитувам како и голем дел од светот. Ние сме исто годиште, неверојатно е што уште игра. Убаво е што е овде“, рече Ноле за својот миленик Лео Меси со кого се виделе и си размениле дресови:<

/p>

29 март 2025 - 09:23