Ѓоковиќ: Ник, никогаш не мислев дека ќе кажам толку убави работи за тебе

И покрај сите испади на Ник Кирјос за Ѓоковиќ низ годиниве, по финалето на Вимблдон, Србинот го испофали својот противник и удри добар мајтап.

Ѓоковиќ во говорот рече дека Вимблдон има посебно место во неговото срце, турнир кој му бил инспирација уште како дете на 5 години, кога го гледал Пит Сампрас како го освојува по што побарал од неговите да му купат тениски рекет.

И покрај сите кошкања на Кирјос кој често пати преку медиумите и социјалните мрежи зборуваше против Ноле, овој сепак излезе голем и кажа многу пофални зборови.

„Ник ќе се вратиш во финале. Тешко е да се најдат утешни зборови после тешко загубен меч, но ти покажа зошто заслужи да бидеш еден од најдобрите тенисери во свет. Честитки на тебе и твојот тим за извонредниот турнир. Ти посакувам се најдобро. Навистина те почитувам многу и мислам дека си феноменален тенисер и спортист и неверојатен талент. Сигурен сум дека ќе се гледаме пак во овие фази од турнирите. 

Потоа го изнасмеа и Ник и цела публика.

„Никогаш не мислев дека ќе кажам толку убави работи за тебе со оглед на нашата врска. Добро, ова е вака официјално“.

За размената на зборови дека поразениот части вечера повторно направи мајтап.

„Па да, затоа загуби. Не знам дали тоа ќе се случи вечер или некоја друга вечер, но секако ова е старт на прекрасна врска меѓу нас. Исто и надвор од теренот“.

10 јули 2022 - 20:31