Фудбалската магија станува реалност: Oригиналниот FIFA World Cup™ трофеј пристигнува во Скопје!

За првпат во македонската фудбалска историја, нашата земја ќе биде дел од петтата турнеја на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola, официјалниот спонзор на настанот.

Фудбалски фанови во земјата, време е за еуфорија!  

Оригиналниот и единствен златен FIFA World Cup™ трофеј конечно пристигнува во нашата земја. Сите вљубеници во фудбалот, кои сонуваат да го видат трофејот кај нас, ќе имаат единствена можност да видат како нивниот сон станува реалност на 21 мај во Пивара Скопје. Оригиналниот трофеј изработен од чисто злато, доделен на победникот на Светското првенство во фудбал на ФИФА (FIFA World Cup™) во рамките на официјалната церемонија, ќе пристигне во Скопје како дел од светската турнеја на FIFA World Cup™ трофејот.

Трофејот, заедно со амбасадорот на ФИФА, Жилберто Силва, пристигнуваат во совршен момент – токму навреме за големата возбуда пред почетокот на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup™) во Катар и е оригиналниот трофеј што ќе му биде доделен на наредниот победник на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup™). Македонските обожаватели ќе бидат сведоци на фудбалската магија во живо и ќе имаат ексклузивна можност да ја искусат еуфоријата на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup™) во Катар.

„Ова е, несомнено, настанот на годината, каде што сите фудбалски фанови стануваат едно и ја доживуваат магијата на фудбалот во живо! Почнувајќи од Дубаи, преку Скопје, па сè до Буенос Аирес, турнејата на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј е моментот што ќе ја разгори фудбалската магија во која веруваме со толку голема страст и која може да биде преточена во реалност само од страна на Coca-Cola. Чувствуваме огромна и искрена возбуда што сме дел од овој клучен момент во македонската фудбалска историја, каде што македонските обожаватели ќе имаат можност да ја посведочат магијата на фудбалот што се случува токму пред нивните очи“, изјави Мартин Атанасовски, сениор бренд-менаџер во The Coca-Cola Company.

Комерцијален текст

9 мај 2022 - 15:36