Девет години од страшниот пад на Шумахер - каква му е сега состојбата?

Дваесет и деветти декември е жален датум за секој љубител и навивач на седумкратниот шампион од Формула 1 Михаел Шумахер кој на овој ден пред девет години доживеа тешка повреда при пад на скијање на француските Алпи.

На 29 декември 2013-та Шумахер бил на скии.

„Скијал со група на редовна патека. Му помагал на пријател кој паднал во снег, но се сопнал од камен и паднал со глава надолу. Иако не возел брзо, доживеал многу тешка повреда. Откако е извршена неврохируршка интервенција, добивме голема количина информации. Моравме итно да реагираме за да го намалиме притисокот во черепот. За жал има оштетување на мозокот“, рекла прес-службата од клиниката каде бил прерфлен.

На Шумахер на 30 јануари 2014-та му почнале процес будење од кома. На 16 јуни 2014-та излегол од кома и бил префрлен на клиника во Лозана. На 9 септември 2014-та бил вратен дома на домашно лекување.

Поранешниот Ф1 пилот Фелипе Маса изјавил дека легендарниот „Црвен барон“ реагирал на гласови.

„Прво Михаел реагирал само на болка кога на пример е стегнат, но тоа може да е и несвесна реакција. За време на последната посета сфатив дека ситуацијата се менува на подобро. Почуствував олеснување во неговото семејство.

На 18 јуни 2014-та од Универзитетската болница во Лозана официјално потврдиле дека се враќа во свест.

На 9-ти септември таа година Шуми го вратиле дома на брегот на Женевското езеро за продолжување на рехабилитацијата. Го набљудувале 15 луѓе од медицински персонал, доктори, медицински сестри, терапевти.

Од тогаш до сега не се појавија многу информации за неговата состојба, посебно не официјално. Семејството следи линија на максимална конфиденцијалност и не сака ништо да открива. Затоа за здравјето на Михаел јавноста дознава претежно од некои на кои им била допуштена визита.

На пример во летото 2016-та Шуми го посетил префектот на Папскиот дом и личен секретерар на Папа Бенедикт XVI Георг Генсвајн:

„Седнав до Микаел, го фатив за раце, го гледав и го видов познатото лице на Михаел Шумахер, освен што е малку пополно. Тој чувствуа дека околу него се неговите сакани луѓе кои се грижат за него и слава му на Бога, го држат подалеку од љубопитната публика. Не сакав да се молам на лице место зошто не знаев дали би сакал Микаел. Беше видно дека Микаел сфаќа што се случува околу него и си води внатрешен дијалог со себе“.

Жан Тод во декемвир 2018-та беше еден од последните кои имале можност да го посетат и јавно да кажат некој збор.

„Многу сум внимателен со зборовите, но можам да потврдам дека го гледав Гран прито во Бразил во Швајцарија заедно со Микаел“, ги израдувал тогаш Жан Тод навивачите на Ферари, тим чиј беше менаџер во златната епоха со Шуми. 

Семејството на Микаел, сопругата Корина, синот Мик и ќерката Џина-Марија објавиле фотографија од заедничка празнична прослава. Актуелната состојба на легендарниот шампион и неговото закрепнување остануваат приватна тајна и семејството не открива многу.

Во документарецот за него на Нетфликс кој излезе во 2021-ва, неговата сопруга Корина вели: „Почувствував дека тој е некој посебен... Мислам дека е многу силен ментално. Екстремно силен. Уште ми покажува колку е силен секојдневно“.

Ќерката Џина-Мариа во документарецот раскажа: „Тој ми е татко и мило ми е што е тој. Кога го гледам, си мислам, „и јас би сакала да сум била како него“.

29 декември 2022 - 13:00