Coca-Cola и Пивара Скопје подаруваат активни зони за граѓаните

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено во општина Гази Баба. Ќе бидат достапни за користење 24 часа без никаков надомест.

Општина Гази Баба денес беше домаќин на отворањето на првата Coca-Cola aктивна зона во Македонија. На просторот веднаш до Спортската Сала „Автокоманда", Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Гази Баба ја пуштија во употреба првата Coca-Cola aктивна зона во Скопје. Отворањето на првата активна зона го означува почетокот на долгорочниот проект „Coca-Cola активни зони" кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава.

Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.

Основната цел на проектот е создавање здрави животни навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности. Проектот е дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот на Coca-Cola и е одлична комбинација на спорт, забава и дружење.

„Во изминативе години Пивара Скопје заедно со Coca-Cola реализираше низа успешни проекти промовирајќи го спортот и редовната физичка активност. Со цел да ја продолжиме оваа мисија, заедно со Coca-Cola компанијата, поддржани од локалната самоуправа и организацијата ''Отворени забавни фудбалски школи'' го започнуваме проектот ''Coca-Cola активни зони''. После неколку месеци подготовки, денес се наоѓаме на отворањето на првата активна зона во нашата матична Општина Гази Баба. Ова е проект кој го работиме со поддршка од 5 општини кој на крајот ќе резултира со целосно опремени 5 активни зони. Но, не застануваме тука. Активните зони ќе прераснат во традиција и во наредниве неколку години ќе ги има низ целата земја. Создавањето здрави животни навики кај сите генерации е клучно за секое општество и ние во Пивара Скопје секогаш ќе останеме посветени на нашата мисија за промовирање активен животен стил.'', изјави г-дин Јован Радосављевиќ, Генерален Директор на Пивара Скопје АД.

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено. Покрај Општина Гази Баба, планирано е во текот на летово да се постават активни зони и во Струмица, Прилеп, Тетово и Охрид.

"Соработката на нашата Општина со Пивара Скопје и Coca-Cola Компанијата е долгогодишна, па така, партнерството за овој проект дојде природно. Затоа и токму тука го бележиме почетокот на проектот, кој за сите нас е од големо значење бидејќи е наменет и достапен за сите граѓани и затоа што промовира активен живот.", изјави г-дин Тони Трајковски, Градоначалник на Општина Гази Баба.

Активните Зони ќе бидат отворени 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории на граѓани кои имаат желба за рекреација и спортување, без никаков надомест.

Комерцијален текст

21 јуни 2016 - 15:28