Белград е на нозе, шампионски пречек за Ѓоковиќ

Тенисот од вчера има нов апсолутен рекордер на тронот, а тоа е Новак Ѓоковиќ кој го урна подвигот на Федерер и стана прв тенисер со 311 недели на челната позиција на АТП. Со огномет го пречекаа по тој повод.

Најдобриот светски тенисер го прослави соборувањето на рекордот заедно со своите навивачи кои го пречекаа пред неговиот ресторан во Белград.

Фановите го скандираа неговото име, се пукаше огномет, а тој запеа на кратко и потоа одржа говор за да им се заблагодари за поддршката.

„Денес е посебен ден и за мене и за семејството и за Србија. Ви благодарам за успехот, ова не е само мој, туку и ваш и на целата нација. Јас тоа најмногу го сфатив пред десет години кога го освоив Вимблдон. Тогаш Србија ми приреди нешто на што вечно ќе ви бидам благодарен. Затоа чувствувам огромна чест и задоволство што ве претставувам. Знам дека понекогаш ви ги кинам нервите и јас сам си ги кинам, но што да ви кажам, така е послатко“.

 

9 март 2021 - 14:57