Ракомет

Вардар се извлече и стигна до бод во Унгарија

По трите победи во воведните три кола, Европскиот првак не успеа да го одржи максималниот бодовен учинок во Лигата на шампионите. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа натпревар под своето ниво, но успеаа да останат непоразени. Дибиров имаше меч топка за победа.

Моќен старт на Вардарки на патот кон европскиот трон

Ракометарките на ЖРК Вардар со триумф ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионките. Блесок на новото засилување Драгана Цвијиќ која летово дојде од Будуќност како шести најскап трансфер.

Момците на Будимир ги учеа аеродромци да бројат до 47

Вардар викендов беше пуштен на најјако. Фудбалскиот клуб славеше против Слога, ракометниот против Загреб, а пионерскиот оствари чуден рекорд за еден ракометен натпревар.

Вардар во серија, убедливо совладан Загреб

Актуелниот европски шампион ја запиша и третата победа во Лигата на шампионите откако вечерва во Скопје рутински го добија Загреб со 28-21.

Децата на Червар умеат и со цепелини

За најатрактивен момент на средбата меѓу Металург и Спортинг 28:27 може слободно да ја прогласиме контрата во седмата минута од вториот дел. Актери беа Вања Илиќ кој се ослободи од својот чувар и го зебележа сам 20 годишниот Мартин Велковски кој ја крена на нозе публиката во Борис Трајковски.

Премиерна победа на Металург во ЛШ

По поразите од Монпеље на гости и Бешикташ дома, ракометарите на Металург стигнаа до првите бодови оваа сезона во елитното натпреварување. И покрај шпекулациите за неговото заминување, Лино Червар се врати од Загреб за мечот против Спортинг.

Бешикташ ги однесе бодовите од Скопје, Металург поразен

Во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, скопски Металург загуби од условно аутсајдерот на овој меч, Бешикташ со 31-27 и го запиша вториот пораз.

Европскиот шампион со победничка премиера во Јане Сандански

По гостинскиот триумф против Висла Плог, ракометарите на Вардар ја заверија и втората победа во новата сезона од Лига на шампиони. Нант не беше лесен залак и пружи достоен отпор. Мала минутажа за Кире Лазаров кој не постигна ниту еден гол.

Дибиров треба да држи предавања за ударов

Неук за ракомет ќе помисли дека топкава оди во аут, а тие што пратат знаат дека Русинот со македонски пасош е специјалист за овие фелш удари. Овој негов гол од синоќешниот прв дуел од ЛШ на гости против Висла Плок е прогласен за втор најубав погодок на колото.

Европскиот шампион Вардар со триумф ја почна Лига на шампиони

Избраниците на Раул Гонзалес победнички го заокружија гостувањето во полски Плок каде славеа против Висла 22-26 (9-13).

Тимур ти ли ова?

Ракометарите на Вардар загубија од Барселона во полуфиналето на Супер Глоуб во Доха и во борбата за трето место ќе играат против Ал Сад. Во еден момент Тимур Дибиров со ролинг ги исфрли од игра и голманот и еден играч, ама после на празен гол... 

Македонија е шеста светска ракометна сила, капа доле за успехот

Македонската јуниорска репрезентација со пораз го заврши Светското ракометно првенство во Алжир, но не го намали впечатокот кој го остави на овој историски Мундијал за македонскиот спорт. Аплаузи за нашата делегација која отпатува во Алжир.

Ико мајсторе е роден за историски успеси со Македонија

Нема дилеми за тоа дека Македонија е ракометна нација. Тоа го покажуваат резултатите и успесите и во машкиот и во женскиот ракомет, како на клупски, така и на репрезентативен план. Илија Темелковски покажа како се игра храбро на големите натпреварувања.

Новите македонски ракометни херои се во транс

Со триумф од 24:20 младата ракометна репрезентација на Македонија му удри шамар на домаќинот Алжир и се избори за прво историско мундијалско четвртфинале. Главен творец на големата победа беше капитенот Филип Талески со 8 гола. Успехот е огромен, младите надежи се во топ 8 во свет, а в петок ќе се соочат со светскиот првак Франција. Супер е ова за македонскиот спорт. По фудбалерите до 21 година, херои станаа и нивните ракометни врсници.

Самсоненко и Кокшаров ќе го спасуваат рускиот ракомет

Сопственикот на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко е поставен за генерален менаџер на руската машка ракометна репрезентација чијшто нов селектор ќе биде неговата десна рака од Вардар.

Вардар на мегдан со Барса, Металург против Бешикташ и Монпеље

Македонските клубови ги добија противниците во новата сезона од Лигата на шампионите. „Металурзите“ од Автокоманда можат да бидат позадоволни затоа што добија ривали по мерка.

Вардарки против старите познаници во ЛШ

Европскиот вицешампион во женска конкуренција, Вардар вечерва на ждрепката во Словенија ги доби противниците за новата сезона од Лигата на шампионите.

Отвораме против Словенците, со светскиот првак на крај

Со внимание ја следевме синоќешната ждрепка за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Хрватска. Се знае и распоредот кога ќе ги бодриме нашите ракометари.

Македонија против Германија и две балкански земји

На денешната ждрепка во концертната сала „Лисински“ во Загреб, беа извлечени групите за Европското ракометно првенство кое се игра во јануари следната година во Хрватска.

Како се кали младината во кампот Кире Лазаров 7

Ако на нешто треба сериозно да размислуваме на спортски план, тоа е како понатаму по Кире, Столе, Борко, Жути, Диви и останатите кои во континуитет учествуваат и ни носат радости на големите натпреварувања. Иднината на Македонија е во ракометот каде е неопходно да се црпат и учат млади надежи.

Задоволството да се гледа Алан Ајверсон

11 пати играше на Ол-Старот каде 2 пати го бираа за МВП. Прв стрелец на НБА беше 4 пати, а неговиот број 3 беше кренат под сводовите во Филаделфија 76ерс. Со САД освои бронза на Олимпијадата во Атина. Денес има 42 години.

Одиме на Европско 2018, Македонија сјајна против Чешка

Во последното коло од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска, Кире Лазаров и другарите ја преслушаа Чешка и обезбедија учество на петтото Европско првенство а четврто по ред.

На победа против Чешка за пласман и поволна ждрепка на Европско

Во последното шесто коло од квалификациите за ЕП 2018, Македонија во недела од 20:45 ќе го брка четвртиот пласман на Европските првенства.

Македонија го одбра потешкиот пат до Европско

Најдобрите македонски ракометари прокоцкаа предност од 4 гола во вториот дел и со реми се враќаат дома. Шансата за пласман на Европско ќе ја бараат со стариот познаник Чешка во последното коло, во Скопје.